Околу 68% од Европејците симнуваат филмови бесплатно, откри Европската Комисија во ново истражувањe направено со околу 4.600 корисници од десет европски земји. Скоро сите, или 97%, изјавиле дека сакаат да гледаат филмови, а 68 отсто од нив ги симнуваaт преку интернет безпари. Дури 34% од тие што пиратираат, го прават тоа секоја недела.
Интересно Комисијата не го користи зборот „пиратерија“ бидејќи, како што е објаснето во извештајот, некои компании дозволуваат бесплатно стримање и симнување на содржина. Но, истовремено се вели и дека 50% од анкетираните симнуваат содржина бесплатно бидејќи цената на легалните платформи е превисока, додека 37 отсто изјавиле дека „иако се филмовите интересни, тие не би платиле да ги гледаат во кино“. Голем дел од корисниците истакнале дека симнуваат филмови бидејќи имаат лесен пристап до нив.









bas me interesira kaj e Makedonija na ovaa lista.. :D