Instagram ве советува како правилно да го промовирате вашиот бренд

0 коментари 2 мин. читање

Секој бренд сака да биде пред другите во иновативниот маркетинг, но за да се биде најдобар требно да сте подготвените да ги прифатите новите и популарни интернет трендови. Меѓу тие трендови секако е Instagram, најпопуларната друштвена мрежа за споделување на фотографии, која најави дека ќе започне серија на блог постови во кои ќе „ги едуцира и инспирара“ брендовите за правилно да ја искористат мрежата во својата промоција.

  • Еден од првите совети е да се остане верен на брендот. Ако споделувате фотографии тие треба да бидат за вашиот бренд и како тој им помага на другите. Не треба да се претерува или да се истрчува со копирање на нешто што на другите им успева. Секој бренд си има свој идентитет, и фотографиите треба да го истакнат тоа. Следете го примерот на @warbyparker.
  • Споделете го искуството: Покажете како другите корисници го користат вашиот бренд или услугите што ги нудите, како што тоа го прави @gopro кога споделува фотографии снимени од разни корисници со нивната камера.
  • Најдете убавина насекаде: Покажете како вашата компанија го гледа светот и му дава смисла; покажете ја вашата мотивација и инспирација околу брендот со креирање на убави и уникатни фотографии, како што го прави тоа @generalelectric.
  • Инспирирајте акција: започнете кампања околу вашиот бренд, а тоа може да значи да ги инспирирате луѓето да го фотографираат вашиот бренд, како #runfree кампањата на Nike, или да го славите јогуртот како што го прави тоа Chobani со #creationaday.
  • Можеби најважниот совет е да си ја познавате публиката. Научете што луѓето сакаат околу вашиот бренд, и истражете ги начините како да им ја заробите имагинацијата на вашите корисници, како што тоа го прави @missionbycicle за промоција на минималистичкиот дизајн на своите велосипеди.

Instagram for Business from Instagram on Vimeo.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед