Европа со поцврсто право на сервис

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Со 584 гласа за и само 3 гласа против, Европскиот парламент ги донесе новите правила за правото на сервис.  Правилата ќе овозможат полесен сервис на расипаните уреди, дури и на оние уреди за кои гаранцијата е истечена.

„Договорот за правото на поправка е важен чекор за да се обезбедиме дека поправката на производите ќе биде лесен, евтин и атрактивен избор за потрошувачите. Ова е клучно за транзицијата на Европа кон зелена и циркуларна економија, создавање работни места, намалување на отпадот и зависностите, и дополнување на правилата за екодизајн, кои ќе обезбедат производите што се продаваат на пазарот на ЕУ да се поправаат.“, вели Марош Шефчович, заменик претседател за Европски зелен договор, меѓуинституционални односи и планирање.

И според претходната верзија на Правото на поправка европските корисници имаа право на барем две годишна гаранција. Компаниите сега ќе треба да понудат стимулации за сервис, на пример ваучери.

Дел од позначајните промени доаѓаат во случај ако уредот се расипе додека сѐ уште е под гаранција. Во овој случај сопственикот ќе може да побара сервис, а компаниите ќе може да понудат замена на уредот. Ако корисникот побара сервис, гаранцијата на поправениот уред ќе биде продолжена една година. Дополнително официјалниот сервисер нема да може да одбие некој производ ако претходно е поправан од неофицијален сервис.

Најавено е и отворање на онлајн платформа која ќе го олесни пронаоѓањето на локални сервиси и продавници кои продаваат поправени уреди.

Производителот ќе мора на корисниците да им овозможи сервис по разумна цена. Оваа мерка треба да спречи купувањето на нов уред да биде прв избор, ако уредот може да се поправи. Во насока на намалување на цените е овозможувањето на сервисерите да користат отпечатен дел со 3д-принтер или половен дел ако тоа ја намали цената. Производителот и во овој случај нема да смее да одбие сервис.

Ова ќе овозможи да се намалат трошоците за корисниците кои не би морале да купуваат нов уред, ако може да го поправат стариот. Поголем број на сервисирани уреди ќе значи и помал број на уреди на депониите.

Правото на сервис е насочено за заштита на домаќинствата. Компаниите и различни индустриски производи не се покриени со него. Коалицијата Right to Repair ја поздрави промената, иако додаде дека е пропуштена можност да се направи и подобра. Најголем недостаток е што иницијативата не направи доволно да овозможи независните сервисери или  корисници да имаат непречен пристап до сите резервни делови, информации, и алатки, вклучувајќи ги тука и алатките за дијагностика.

Листата на пропуштени можности е долга. На пример, со цел гаранцијата всушност да го продолжи животниот век на производите, предложивме задолжителен приоритет на поправка наспроти замена според гаранцијата, вклучително со зајакнување на независните сервисери, со тоа што ќе им дозволиме да вршат поправки додека уредите се под гаранција. Давањето приоритет на поправка наместо замена во рамките на законската гаранција беше вклучено во првичниот предлог од страна на Комисијата, сепак не ги преживеа преговорите, а и нашиот предлог за поправки со гаранција што треба да ги вршат независни сервисери не е дел од предлогот.

Photo by JESHOOTS.COM on Unsplash

Придобивки од правото на сервис

Правото на сервисирање ќе овозможи повеќе различни придобивки за корисниците: продолжување на животниот век на уредите, намалување на трошоците за корисниците и како „скриена придобивка“ – промовирање на локалната економија и малите претпријатија.

Продолжување на животниот рок

Еден од најголемите недостатоци за сервисирање на најголем дел од уредите е недостатокот на резервни делови, алатки, па и упатства за сервис. Благодарение на ова голем дел од расипаните уреди ги полнат депониите за електронски отпад. Со полесно сервисирање ќе се продолжи животниот век на дел од уредите. Корисниците ќе ги поправаат уредите наместо да ги фрлаат прерано, што ќе помогне за намалување на површината која е потребна за депонии за електронски отпад.

Заштеда за корисниците

Дури и кога се достапни поправките за некои од производите нема алтернативни сервиси. Благодарение на ова, компаниите имаат прескапи резервни делови и цени на поправки. Правото на поправка ќе им овозможи на корисниците самите да си одлучат каде и како да ги поправат своите уреди. Ова најчесто е поевтино од цената која треба да ја платат за поправка и одржување. Цената на сервисирање за некои  уреди, како паметни телефони или лаптоп компјутери кај официјалните сервисери може да биде исклучително висока.

Поддршка за локалната економија и малите претпријатија

Отворањето на индустријата за сервисирање ќе овозможи отворање на нови, помали независни сервиси кои ќе бидат дел од локалната економија. Најголема предност на овие сервиси е што за разлика од официјалните сервисери ќе понудат поправка на уреди од повеќе производители, а иако може да бидат специјализирани, сепак ќе може да понудат поправка и на различни уреди, а не само на телефони или компјутери на пример.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments