Shadow of the Depth одлично комбинира елементи од Diablo и Hades!

Како огромни фанови и на акциони RPG игри и roguelite авантури, особено мило ни беше да го откриеме најновото чедо на развојното студио ChillyRoom. Shadow of the Depth успешно ја комбинира top-down акцијата и собирање корисен плен заедно со rogulite RPG елементи од привремен и траен карактер. Како резултат, добивате вузуелно импресивно и уникатно остварување кое не е ниту Diablo ниту Hades, туку нешто сосема трето!

На Shadow of the Depth работи тим од пет девелопери. Играта ќе биде дел од раниот пристап најмалку шест месеци!

Незаборавно патување

Како инди игра, Shadow of the Depth не може да стои раме-до-раме со гигантот Blizzard Entertainment, но се труди да прикаже подеднакво мрачна и безнадежна атмосфера каде вие сте единственото нешто што не дозволува светот да биде втурнат во апсолутен хаос. На почетокот, би можеле да помислите дека се работи за евтин и недоволно разработен клон, но како играте, така откривате бројни, комплексни слоеви кои константно ја одржуваат забавата на високо ниво.

Силните гејмплеј механики се одлично вклопени со динамичната музична подлога и суптилни аудио ефекти!

Во Shadow of the Depth играте со еден од пет уникатни ликови. На почетокот, играте само со Artur. Користејќи штит и меч, Артур лесно се „носи“ со слугите на злото, особено подоцна кога ќе отклучите дополнителни способности и комбо движења.

Секој ваш ран е поразличен од претходниот, како во поглед на дизајнот, така и во поглед на поставеноста на непријателите. Што подлабоку напредувате, тоа попредизвикувачки непријатели и босови се појавуваат, при што е потребно значително подобри рефлекси и тактизирање.

Од време на време, сосема неочекувано и за поголем предизвик, ќе бидете опкружувани од магични ѕидови и со константно спонување непријатели. Доколку ги преживеете сите бранови, ќе можете да отворите ковчег со корисен плен. Во поглед на пленот, добивате или оружја или книги кои отклучуваат уникатни способности од привремен временски карактер (само за тој ран).

Неколку ранови подоцна, со Артур ќе соберете доволно искуствени поени за да отклучите неколку способности од траен карактер, како и ликот Филис.

Филис е причината поради која апсолутно се заљубивме во играта. Се работи за крајно флексибилна и уникатна хероина која користи лак и стрела (за борба од далеку или блиску), како и магични способности да повикува корисни животни, како мечка, волк, или две птици.

Од овој момент натаму, со задоволство започнувавме дополнителни ранови, само за да видиме како ќе биде напредувањето со Арија, Стефани или Гинзо. Секој од хероите значително го менува напредувањето, особено кога во комбинација ќе вклучите над 140 пасивни способности.

Како што напоменавме, Shadow of the Depth остава лажев впечаток на едноставна и здодевна игра, но таквиот впечаток брзо се менува, особено доколку сте по акциони RPG/ roguelite игри. Така да, доколку завршивте со Diablo IV, а не можете да дочекате да почнете со Hades II, проверете го барем демото за Shadow of the Depth.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: ChillyRoom
  • ИздаваChillyRoom
  • Жанр: акциона RPG игра
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 23 април 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments