Европјаните наскоро ќе имаат „право на сервис“ за сите лаптопи, таблети и телефони

Производителите на лаптопи, таблет компјутери и телефони кои не може да се отворат и сервисираат наскоро ќе имаат проблем во Европа. Европската комисија го поддржа предлогот со кои уредите мора да бидат поедноставни за поправка, но и да траат подолго. Дополнително, кога ќе им се расипе уредот, корисниците треба да можат да ги однесат уредите и на независни сервисери.

Одржувањето се однесува и на софтверот, а не само на хардверот. Ова повеќе ќе ги погоди производителите на паметни телефони, отколку производителите на компјутери. Вообичаена пракса за паметните телефони е уредот да биде поддржан за надградби на оперативниот систем две генерации. Потоа завршува поддршката.

„Хардверот и софтверот треба да бидат полесни за поправка и надградби“. Дополнително претставниците побараа да се отстранат можностите за вградени застарености и достапност за резервни делови.

Засега препораката на Европската комисија нема обврзувачко дејство. Доколку насоките бидат преточени во закон тогаш ќе биде потешко да се продаваат уреди во Европа. Дел од уредите всушност се толку тешки за отворање бидејќи производителот сака да ги наполни просторот со батерија или сака да ги направи водоотпорни. Во овие случаи многу е полесно да се користи лепак, отколку штрафови.

Најверојатно најдобрата вест е дека е препорачано државите да креираат заедничка дефиниција за планирана застареност на уредите. Ова се однесува на праксата на некои производители да креираат уреди кои траат кратко време. Европската комисија излезе со совет сите уреди да имаат ознака за тежината за поправка. Ова треба да биде слично на пример со енергетската класа на уредите која е истакната на уредот. Доколку биде воведена оваа ознака во иднина пазарот на паметни телефони, барем во Европа може да се промени. Поголем дел од корисниците би можеле да обрнуваат вниманите токму на можноста за сервисирање, отколку на некои од функционалностите кои не им значат ништо.

Слични барања има и во САД, но таму од Асоцијацијата на сервисери. Асоцијацијата бара секој уред да има можност за купување на делови за сервисирање, а не само уредите да се сервисираат во салоните на компаниите.Ова е пред сѐ наменето за Apple кои имаат пракса да ја прекинат гаранцијата доколку уредите не се сервисирани во салоните.

Правото за поправка ќе отвори нови работни места за сервисери. Дури 77% од жителите на Европа велат дека повеќе сакаат да ги поправат своите уреди, отколку да ги заменат, вели Motherboard.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
2 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Европскиот парламент ги донесе новите правила за правото на сервис.  Правилата ќе овозможат полесен сервис на расипаните […]

trackback

[…] решаваат овој проблем е во пораст. Во Европската Унија производителите мора да обезбедат сервис во траење од 10 години. Целта е да се намали […]