Ново на IT.mk: Премиум профили за компании

Avatar img-thumbnail img-circle

во Блог, ИТ.МК

Ја претставуваме најновата функционалност на нашата платформа – премиум профили за компании. Услугата е создадена да им помогне на ИТ компаниите да ја зголемат својата видливост и углед, а секако и да понуди добар SEO boost со оглед на домен рејтингот на IT.mk (53). Премиум профилите се составен дел од сервисот ИТ Индекс на IT.mk, кој всушност е директориум на компании и организации во локалната ИТ индустрија.

Зошто премиум профил?

  1. Подобрена видливост: Премиум профилот на ИТ индекс на вашата компанија ќе овозможи прикажување на насловната страна на IT.mk, приказ во засебна секција за премиум компании на ИТ Индекс како и можност за додавање на линкови со do-follow функционлност кои ќе го подобрат SEO-то на вашиот сајт.
  2. Профил создаден по ваш терк: Премиум профилите нудат повеќе опции за персонализација, вклучително и место за галерија, видеа, истакнување на технологиите кои ги работите како и подетални описи на вашите услуги, проекти, награди и признанија.
  3. Целосна контрола: Со закуп на премиум профил, вие добивате можност сами да го уредувате профилот и да ги менувате податоците прикажани на истиот во било кое време преку самоуслужен портал на IT.mk.

Пример за премиум профил.

Како да се регистрирате за премиум профил?

Регистрацијата е едноставна и се прави преку купување на ИТ премиум профил на нашиот IT.mk/market. Цената за премиум профил изнесува 5.999 денари на годишно ниво, а со закупувањето има неограничен број на уредувања на профилот во било кое време.

По самото купување, ИТ индекс профилот на вашата компанијата се асоцира со вашето корисничко име и сѐ дур имате активна претплата може да вршите промена на податоците на профилот.

Подобрете ја видливоста на вашата компанија уште денеска со ИТ Индекс премиум профилите.

За повеќе информации или помош при регистрација, слободно контактирајте нѐ на [email protected].

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments