Европа ќе инвестира 10 милиони евра во интернет стартапи

во ИТ.ЕУ

Европската Комисија ги објави деталите за фондот од 10 милиони евра наменет за развој на веб претприемаштвото во Унијата. Деталите се објавени на Eurapp во Берлин, а фондот треба да биде финансиска поддршка на поттикнување на развојот на интернет стартапи, јавува Technology Voice.

Фондот е пред се наменет за поттикнување на околина која ќе ги охраби претприемачите кои користат веб и мобилните платформи да започнат свои бизниси во Европа. Начинот на кој ова ќе се оствари е комбинација од две мерки. Првата е поврзување на веќе постоечките технички компании во Европа и овозможување на нови услуги кои треба да го зајакнат веб приемништвото, а втората мерка е поврзување на постоечките веб претприемачи и нивна координација, што ќе обезбеди поголем досег на онлајн платформите.

Новите услуги треба да им помогнат на ветувачките веб стартапи ефикасно да започнат и да ги зголемат своите операции низ Европа, да креираат простор за финансиски можности да ги поврзат потенцијалните веб претприемачи со „клучни фигури“, на пример ментори кои се лоцирани на разни места во Европа, и поврзување со програми за забрзување на развојот од неколку локации. Повеќе информации се достапни тука (.pdf).

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments