Xbox Оne ќе ви дава техничка грешка ако ве чуе да пцуете

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Користењето на лоши зборови и пцости додека играте онлајн игри на Xbox One ќе биде санкционирано во играта. Повеќе корисници јавуваат дека во текот на играњето на NBA Live 2К14 добиле техничка грешка поради употреба на „јазикот, а истото се случува и во FIFA 14“, јавува Time. Играчот ќе биде казнуван единствено при онлајн играњето.

Станува збор за функционалност која ја овозможува контролерот на Microsoft, Kinect 2.0 кој постојано ве слуша додека играте. Интересно истава функција била инкорпорирана и во NBA 2К13, но поминала незабележано.

„Оваа функција ја вметнавме уште во NBA 2K13, мислиме дека доведе реализам во играта, а и до покултурна онлајн средина за нашите играчи. Резултатот беше толку позитивен што го продолживме во NBA 2K14… Играта има листа на зборови кој ќе ви донесат техничка грешка доколку ги изговорите додека играте онлајн“, вели Џеф Томас од Microsoft.

[youtube]Q5okb9Vc8SY[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments