Поефикасна работа со PawBlock

Колку пати сте се нашле во ситуација да почнете со важна работа и по само пет минути да го проверите Facebook, чисто онака, колку да видите да не се случило нешто исклучително важно и целосно неповрзано со исполнување на вашата моментна, работна обврска? Кога сме кај тоа….

15 минути подоцна…

Земајќи го ова во предвид, би било супер да можете да инсталирате одредена екстензија која ќе проба да стави крај на вашите деконцентрирачки навики. PawBlock е една таква, релативно нова екстензија за Google Chrome која се истакнува со прилично неконвенционален принцип на работа.

Откако ќе ја преземете и активирате екстензијата за прелистувачот, PawBlock ќе ви дозволи да создадете црна листа од сајтови кои беспотребно го трошат времето во ситуации кога таквото нешто не се препорачува. Секој пат кога ќе посетите сајтови за шопинг, впивање видео содржини и шпионирање по социјалните мрежи, ќе бидете пресретнати со тажно маче, куче или птица која ќе ве праша дали сигурно сакате да продолжите на сајтот. Одбијте да го направите тоа и тажното животно инстатно ќе биде заменето со слика од среќно милениче, а тоа ретко чувство на самостојно одобрување полека ќе почне да се шири низ вас. Нормално, одредени луѓе живеат за да растажуваат и онака тажни миленичиња и, во тој случај, можете да наместите поцврсто блокирање, каде нема да можете да ги посетите сајтовите од црната листа колку и да се ѕверите во тажните очи на животните. Имајте во предвите дека таквото однесување знае да ги загрижи блиските околу вас.

Оваа опција е исклучително корисна доколку сакате да му дозволите на вашето дете да помине квалитетно време на компјутер без да се наоѓа во искушение за посетување нефункционални сајтови. Помага кога детето не знае да го вклучи Internet Explorer и целосно да ја заобиколи ваквата блокада.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Од она што е познато, MegaNet ќе биде интернет без IP адреси. Наместо ова, ќе постои дистрибуиран запис – брза верзија на „blockchain“. Мрежата ќе биде созададена од паметните телефони, но на лансирањето ќе има и други уреди, вели Torrent Freak. […]

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Singular

Team Lead

Swiss Increasing Market Employability Program - IME

Open Call for ICT Expert (Full-Time Position)

види ги сите огласи на kariera.it.mk