0 коментари 2 мин. читање 23 ноември, 2017

Facebook наскоро ќе им помогне на корисниците да дознаат дали се жртви на странска пропаганда

Facebook наскоро ќе отвори портал кој на корисниците ќе им овозможи да дознаат дали се жртви на странска пропаганда. Причина за отворање на порталот, секако се сомнежите за руско влијание во повеќе држави.

Порталот ќе овозможи да дознаат дали притиснале „ми се допаѓа“ или заследиле некоја страница на руските тролови, Internet Research Agency. Алатката ќе биде достапна на Facebook Help Center пред крајот на годината, објави Facebook.

Image courtesy of Facebook

Алатката ќе покрива период од јануари 2015 до август 2017 годинаа, периодот за кој друштвената мрежа сведочеше пред конгресот на САД.

Алатката секако ќе биде одлична за корисниците кои ќе се одлучат да ја користат. Ќе дознаат како, кога и дали биле заведени од пропагандата. Мал проблем е што, како и вообичаено, повторно ќе биде закопана во низа други функционалности.

Дополнително, за дел од корисниците алатката нема да биде од корист. Алатката е функционална единствено ако самите ги следите страниците на руската пропаганда, забележува Recode. Ако сте притиснале „ми се допаѓа“ на постови кои ги споделуваат пријателите, алатката не функционира.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top