Evernote стартува акцелератор програма за развој на апликации или услуги кои работат на Evernote

Evernote започнува програма во која тимовите избрани од Evernote DevCup ќе поминат еден месец во седиштето на Evernote во Калифорнија, и со помош на менторите од Evernote, заедно ќе работат на реализирање на своите идеи.

Овој DevCup, односно хакатон, почнувајќи од денес до јуни ќе се одржи во 11 градови плус Силициумската долина. Шест финалисти од секој град во септември ќе патуваат на Evernote конференцијата во Сан Франциско, каде што ќе се натпреваруваат за главните награди. Победниците од конференцијата, октомври ќе го поминат во седиштето на Evernote.

„Програмата ќе биде интензивна. Ќе трае само четири недели, од 21 октомври до 15 ноември. Но, тоа значи и дека ќе има четири викенди, а за нив ќе подготвиме разни активности кои на тимовите ќе им помогнат да ги наполнат своите батерии и добијат подобра перспектива додека работат на своите проекти. На крајот ќе одржиме голем настан за презентирање на проектите.“, пишува Evernote.

Најблиску до нас, каде што ќе се одржи DevCup, е Цирих, на 6-ти мај, а заинтересираните може да се пријават овде. Сите заинтересирани ќе треба да го научат API-то на Evernote и услугите во облакот. Исто така, потребно е да направат апликација која ќе работи со Evernote.

[youtube]V69ciUYSL-g[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk