Откако пред 3 дена почнаа проблемите и јавувањето на разни грешки кои не дозволуваа вчитување на почетната страна на порталот, целата екипа на IT.com.mk, а и многу други надворешни соработници, експерти и пријатели седнаа и почнаа да го студираат овој проблем. После непреспиени три дена, денеска од околу 17:00 часот порталот е повторно функционален.
Почнавме со најосновните проверки и јавувања кај хостинг компанијата за да провериме што е изменето и како тоа одеднаш не функционира она што два месеци си работеше супер. Никој не знаеше да објасни… па тргнавме со проверки на PHP и MySQL, проверка на интегритетот на фајловите и клучните компоненти на нашиот систем за менаџирање на содржини или CMS – Joomla!, па продолживме со подетално истражување на проблемот и проверување на конфигурациски фајлови, споредби со информациите во нашите бекап фајлови, проверување на додатни компоненти и што ти веќе не за да го откриеме проблемот во компонентата за средување и објавување на линкови кои се Search Engine Friendly (SEF).
Во моментот сеуште се одвива проверката и идентификацијата на причинителот на проблемот и доколку дојдеме до позначајни информации, бидете сигурни дека ќе ги објавиме.
Едно големо извинување од целата редакција на IT.com.mk за овие прекини и ви ветуваме дека нема да дозволиме во иднина вакво нешто повторно да се случи. Веќе се започнати плановите за создавање на системи кои ќе пружат додатна функционалност на IT.com.mk и покрај вакви несакани сценарија.
Драги мои посетители, продолжуваме со полна пареа!






