800 компјутери во средно училиште во Гостивар

во ИТ.МК

{mosimage}На пригодна свеченост во Средното општинско економско училилиште во Гостивар денеска беа ставени во функција 800 компјутерски работни станици, како дел од проектот на Владата „Компјутер за секое дете“. На свеченоста присуствуваа Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Министерот за информатичко општестово, Иво Ивановски во оваа пригода изјави дека Македонија со овој проект ќе стане една од најразвиените земји кои во образовниот процес користат компјутери.

{mosimage}

– Со овој проект дефинитивно влегуваме во мапата на високо технолошко развиени земји и наскоро соодносот ученик-компјутер ќе биде два спрема еден, изјави Ивановски.

Според него, во наредниве три недели ваква опрема ќе биде инсталирана уште во 11 средни училишта низ Македонија, а наскоро ќе бидат инсталирани и во основните училишта низ државата. Досега, со проектот “Компјутер за секое дете” биле опфатени 23 средни училишта низ земјава и предвидено е да се инсталираат вкупно 100 илјади компјутери.

Преземено од: www.sio.gov.mk

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk