Елена оди во Guildhall: со crowd funding до магистарски студии во Англија

Oстварување на соништата бара многу работа, труд и откажувања. Затоа е трагично кога на некој на патот кон остварувањето на сонот ќе му застанат како пречка материјалните средства. За среќа покрај поедници во поново време постојат неколку сервиси кои ќе можат да ви помогнат да соберете доволно средства за остварување на сонот.

Веќе неколку пати известувавме за проекти на Kickstarter преку кој Тим Шејфер и Брајан Фарго собраа средества за своите игри. Сега ви ја претставуваме Елена Граматикова. Елена свири пијано од својата петта година, а на 21 година заврши на Факултетот за музичка уметност како најдобар студент во класата. Елeна е примена на магистерски студии на Guildhall Academy of Music and Drama еден од четрите највисоко рангирани музички академии во Велика Британија. За жал Министерствата за образование и култура во своите буџети не одвоиле пари за музички стипендии, а магистерските студии се скапи.

Но, Елена не се откажува од својот сон и се одлучила средствата да ги собере со „crowd funding“ преку сервисот Indiegogo. До сега има соберено околу 5.700 долари од потребните 12.800. Toкму ваквиот начин на собирање средства се темата на која разговаравме со Елена.

Прибирање средства преку „funding“ сервиси не е нешто што често го гледаме кај нас. Како дојде до оваа идеја? 

Набрзо откако ја започнав потрагата по финансии увидов дека институциите на кои се надевав за поддршка, сметајќи дека едни вакви студии се од интерес за воспитно-образовниот процес во земјава, немаат слух за моето барање и не се отворени за соработка. Знаев дека ќе морам да се обидам со се што можам. За среќа имам голем број на пријатели во Англија на кои им се обратив за идеи и сугестии. Како личност сакам креативни идеи, сакам излегување од стандардните рамки и кога ми ја дадоа сугестијата за „crowd funding“ иако чувствував страв и несигурност, знаев дека е нешто на што би се нафатила. За мене лично „crowd funding“ прибирањето на средства е можност за различни луѓе од секаде низ светов да станат дел од една приказна и да го помогнат нејзиното реализирање. Овој начин на прибирање средства е доказ како „малку“ од секој може да значи „многу“ за некој.

[youtube]xdzqMhBvWxs[/youtube]

Ми текнува барем на уште два сервиса Kickstarter, Sponsume, зошто се реши токму за Indiegogo? 

Мојата кампања е малку специфична бидејќи припаѓа на две категории: образование и музика. Но, сепак јас собирам средства за да одам на постдипломски студии, факт што кампањата ја става во категорија „образование“.

Kickstarter нема ваква категорија. Indiegogo нуди голем број на категории со што на корисниците им овозможува поголем избор и слобода во кампањите. Кога започнав со подготовките за видеото веќе ми беше посочен сајтот на Indiegogo. Убаво го разгледав, инструкциите за започнување кампања се многу јасни и конкретни, имав одредени прашања на кои многу брзо добив одговор од тимот за поддршка и така се решив за Indiegogo . Чим јас се снајдов сајтот е многу „user friendly“. :)

Колку си задоволна од досега доделените средства преку Indiegogo? 

Кампањата ја започнав на 16-ти мај односно пред неполн месец и до сега имам собрано скоро половина од средствата кои ми се потребни. Дефинитивно сум презадоволна, но исто така открив еден многу важен момент за успехот на вакви кампањи. Континуирано проследување и известувње за кампањата на што повеќе друштвени мрежи и различни портали. Имено, првите десет дена донираа многу од моите пријатели кои беа од самиот старт запознаени со мојата намера, потоа имаше мал застој во донациите и потоа мојата приказна ја објави Трендо на off.net. По објавувањето на приказната на Офф.нет за 2 дена имав донации од околу 1.000 долари.

Најголемо задоволство ми се направи кога видов донации од Македонија од луѓе кои не ги познавам. Сметам дека за жал имаме култура да си помагаме само во лошо и се надевам дека вакви или слични кампањи ќе ја разбудат свеста за поддршка на позитивни потфати, особено меѓу младите луѓе кои треба да бидат активни учесници и менувачи на општеството.

Дали имаш план Б доколку успееш да собереш само дел од средствата?

Ха ха, дали вие имате предлог? План Б….хммм, нова кампања? Планот Б постојано е во тек, а тоа се моите дописи до индивидуалци и компании од Македонија. Се надевам дека ќе се појави некој проактивен херој кој ќе посака да ми помогне. Нов момент е и понудата од time.mk доколку некоја компанија се реши финансиски да ми помогне во согласност со ценовникот на time.мк ќе добие рекламен простор. Планот Б се менува и создава секој ден во зависност од околностите.

На неколку слични проекти, подароците за донаторите се многу полични, на пример фотографија со побарувачите, ти се реши за попрактични подароци зошто?

Како што кажав и претходно сакам креативност и иновативност. Среќна сум што сум опкружена со многу талентирани уметници. Исто така ја сакам и ценам практичноста. Брат ми Андрија и другарка ми Руки кои се моите двајцата најомилени дизајнери се понудија да помогнат во кампањата со она што тие го знаат и умеат. Понудата на Андрија за логоа и веб дизајн сметавме дека е интересна како за индивидуалци така и за компании кои добиваат 2 во 1. Прават добро дело со тоа што ќе ми помогнат мене финансиски и добиваат квалитетен продукт кој им е потребен. Она што за мене го прави донирањето лично и луѓето да се чувствуваат како дел од оваа приказна е мојата комуникација со секој од нив. Лично пишувам и му се заблагодарувам на секој кој донира.

Да и помогнеме на Елена и на сите други млади артисти и стартапи да го остварат својот сон, донирајте!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
гостин
гостин
12 years ago

Не е лошо во статијата да се потенцира линкот со црвено вака ептен незабележителен е.
Поздрав и среќно!

mirko
mirko
12 years ago

I se razbrav samo ne kade mozam da doniram?

Дејан
Дејан
12 years ago
Reply to  mirko

Линкот за донација е на самиот крај на текстот. Се извинувам до читателите и до Елена ако не е доволно јасно.
Еве го само линкот :
http://www.indiegogo.com/eli-goes-to-guildhall?c=

Ivana
Ivana
12 years ago
Reply to  Дејан

Navistina ne e dovolno jasno, i jas zatoa slegov podolu da vidam kade moze da se donira. :)

види ги сите огласи на kariera.it.mk