Facebook доминира на Светската мапа на друштвени мрежи 2012

Само Кина и Русија од поголемите пазари се отпорни на Facebook. Таму владеат QZone, односно V Кontakte, ни открива Светската мапа на друштвените мрежи за 2012-та година, креирана од Винчензо Косенза.

Мапата која ни покажува дека Facebook е најпопуларна мрежа во 126 od 137 земји во светот, е направена со статистика од Alexa и Google Trends for Websites. Најголем број корисници Facebook има во Европа, околу 230 милиони, па во Северна Америка со 222 милиони и Азија со 219 милиони. Во Македонија пак, според платформата за реклами на Facebook, има околу 873.000 корисници.

Во останатите земји каде што не владее Facebook:

  • Во руските територии се води битка меѓу Odnoklassniki и V Kontakte, мрежа која потсетува на Facebook бидејќи имаат исти инвеститори – Digital Sky Technologies.
  • Qzone во Кина вели дека има 560 милиони корисници, Tencent Weibo има 337 милиони, а Sina Weibo има 334 милиони корисници.
  • Во Иран е тешко да се пристапи Facebook поради цензурата.
  • Во Виетнам и Латвија користат локални друштвени мрежи Zing и Draugiem.

Интересно, статистиката за Google+ не се појавува на Google Trends.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments