За предизвиците поврзани со правење уникатна игра со нови идеи разговараме со јужнокорејско студио Cat Society!

Голем број игри се повеќе од среќни да имплементираат проверени механики. Но, некои игри никако не сакаат да играат на сигурна карта и имаат посебна желба да експериментираат, сѐ со цел да извлечат искуство кое не може да се најде во некоја друга игра. Играта Dungeon Inn е една таква игра. Развиена од Cat Society, играта се поставува како стратегија каде е потребно да управувате со гостилница. Оваа гостилница е стратешки поставена и замислена да услужуваа два ривалски гилдови. Ваша задача е да ги служите и едниот и другиот гилд, се со цел да пробате да извлечете што е можно повисока заработка.

Разговор со Cat Society, достапен и на IT Logs, на англиски

По кратко дружење со играта, ја имавме среќата да поразговараме со претставник од Cat Society и заеднички да поминеме низ дел од предизвиците поврзани со Dungeon Inn. На почетокот на нашиот разговор, успеавме да дознаеме дека Cat Society е мало јужнокорејско студио од тројца страсни програмери. Фокусирани на изработка на визуелно убави и емотивно резонантни игри, главната желба на овие девелопери е да создаваат игри кои ќе остават трајно влијание врз играчите.

Cat Society на 2024 Taipei Game Show

Dungeon Inn е нивната прва игра! И е дел од раниот пристап на Steam. Како таква, играта планира да остане подолг период. Прашавме зошто решиле да одат со ран пристап?

Се трудиме да создадеме нов вид на игра. Иако новитетот може да биде возбудлив, забавата не е секогаш загарантирана. Затоа, за да создадеме нови искуство кое е и забавно, ни требаат многу повратни информации од играчите ширум светот. Раниот пристап, сметаме, ќе ни овозможи да им сервираме на играчите подобра, попријатна игра. Се надеваме дека ќе добиеме вредни совети од нашите страствени играчи и ќе дознаеме како да пружиме максимално уживање во играта, особено на долг рок.

Во Dungeon Inn, вие играте како Сара и имате склучено договор со змеј да отворите гостилница веднаш до една мистериозна зандана. Вашата задача е да привлекувате што е можно повеќе авантуристи, да не дозволите да се јават проблеми помеѓу членовите на ривалските гилдови, како и да, подразбирливо, извлечете што е можно повеќе пари. Потоа, го користите спечаленото за да отклучувате нови простори и настани. Вака, на хартија, можеби е тешко да се објасни, но Dungeon Inn ветува крајно невообичаена и забавна игра за која, со нетрпение чекаме да видиме како ќе еволуира во иднина.

ИТ.мк: Што ве инспирираше да ја создадете приказната, светот, уникатен визуелен стил, како и саундтракот?

Cat Society: Се започна со тоа што јас и еден пријател игравме друштвена игра, мислејќи дека би било забавно да има авантуристи и чудовишта во истата гостилница. Идејата беше авантуристот да оди во занданата да истражува, а чудовиштето да оди на работа. Но, ми се стори чудна идејата монструм секојдневно да патува до и од гостилницата. Поради тоа, решив да одиме со два авантуристички гилдови. Сакавме да вклопиме морално дискутабилна приказна во симпатични визуелни слики.

За потребите поврзани со нашиот изглед, бевме инспирирани од илустрациите кои најчесто се наоѓаат во детските книги.

Паралелно со ова, работевме со одличен музички композитор. Композиторот успеа да ја долови атмосферата на средновековната фантазија и комичните елементи на Dungeon Inn. Во почетната секвенца, се обидовме да ја прикажеме врската помеѓу главните ликови со видео и BGM.

Dungeon Inn се заснова на прототип направен на хартија. Претставникот ни објаснува дека на времето немал преголемо искуство во програмирање, шегувајќи се, притоа, дека сеуште нема. И покрај тоа, сакал да види колкава забава можело да се извлече од играта пред да проба да собере соодветен тим. Поради тоа, решил да направи прототип на хартија кој воедно и бил како книга со правила. За среќа, успеавме и да го видиме прототипот!

„Идејата беше едноставна: да се темпира прилижувањето на авантуристите од двете страни, да се контролира распоредот, и да се даде посебна димензија на борбата преку значајни судири. Откако потврдив дека основниот дел од играта е интересен, морав да соберам тим и да почнам со подлабоко развивање на концептот. Попатно, играв други одлични видео игри и друштвени игри за инспирација. Сето тоа влијаеше на развојот на Dungeon Inn.

Но, како што реков погоре, не мислам дека суштината на забавната игра лежи во нови механики. Ако досадата се појави веднаш штом играчот се навикне на свежината, тоа значи дека ја пропуштаме суштината на играта. Најтешкиот дел а, со тоа, и најпредизвикувачкиот, е да се ​​забавува играчот до самиот крај на играта. Тоа, е предизвикот со кој сè уште се соочуваме.“

На почетокот од развојот на Dungeon Inn, Cat Society повеќе се фокусирале на борба.

„Секој авантурист имаше свои борбени вештини и имаше повеќе начини играчите да се вклучат во борба, особено кога битките се случуваа надвор, на влезот на гостилницата.

Сепак, сметавме дека ова ќе ја искомплицира играта и ќе го направи фокусот повеќе на самата борба, а помалку на распоредот. Од таа причина, решивме да го отстраниме.
Решивме да се фокусираме повеќе на она што ја прави играта уникатна.

Тука некаде, претставникот ни објаснува дека објавувањето на оваа игра во ран пристап била неверојатно голем момент за нив.

„Работевме многу напорно да дојдеме до овој момент. Ние сме неверојатно возбудени што конечно ќе ја споделиме приказната за Сара со светот! Едвај чекаме да слушнеме што сите имаат да кажат и навистина се надеваме дека играта ќе биде незаборавна и пријатна.“

Исто како и вашето студио, и ние имаме многу амбициозни девелопери во Северна Македонија. Кој совет би дале за сите они што сега почнуваат во оваа индустрија?

Како прво, голема чест е би била да се запознаеме со програмерите од Северна Македонија преку ова интервју.

Не знам дали можам да им дадам некој совет, бидејќи уште не го имаме достигнато тоа ниво, но ако треба да кажам нешто, би рекол дека штом почнете со развивање, вие автоматски станувате апсолутно прекрасни!

Мислам дека е важно секогаш да го слушате тој мал глас во задниот дел од вашата глава кој вели: „Дали ова ќе биде забавно? Понекогаш би можеле да мислите дека е тешко и исцрпувачки, но вие продолжувате. И ние ќе се обидеме да не го заборавиме тоа.
Tokyo Game Show 2024

За крајот на нашето интервју, Cat Society имаше да каже уште една работа:

Гејмери и пријатели, ви благодариме за сета ваша поддршка! Следете не на Twitter и TikTok за најновите вести за нашата игра. Ќе продолжиме да работиме кон целосната верзија на Dungeon Inn. Ќе се потрудиме да ја направиме колку што можеме забавна и незаборавна!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments