Добредојде за Twitter број 3 – Bluesky е отворен за сите

Новиот микро-блог и конкурент на X Twitter платформата, Bluеsky е отворен за сите. Повеќе нема листи за чекање, ниту покани. Секој заинтересиран може да оди Bsky.app и да си направи профил. Со ова завршува една фаза во развојот на AT протоколот на кој се базира Bluesky.

Bluesky е микро-блог друштвена мрежа со седиште во Соединетите Американски Држави. Извршен директор на компанијата е Џеј Грабер, а соосновачот на Twitter, Џек Дорси и креаторот на XMPP, Џереми Милер се дел од одборот на директори. Платформата започна да го привлекува интересот на јавноста пред една година, кога во февруари ја издаде iOS апликацијата. Неколку месеци подоцна, во април 2023 ја издадоа и Android апликацијата.

Во моментов апликацијата има 3 милиони корисници, а Bluesky има околу 40 вработени. Bluesky активно го користат 1,6 милиони корисници месечно.

Како и секоја друга друштвена мрежа и Bluesky овозможува корисниците да споделуваат кратки пораки и информации со другите.

Bluesky личи на Twitter, ама има клучни разлики

На прв поглед платформата неодоливо потсетува на Twitter. Дизајнот е речиси ист како на Twitter и веројатно ако не забележите што имате запишано во URL нема веднаш да забележите на која друштвена мрежа сте.

Една од разликите која ќе ја забележите уште со креирањето на профилот е дополнителните нагодувања за содржините. Bluesky овозможува фина контрола на управување со содржините која е во рацете на самите корисници. Покрај изборот на теми кои ги интересираат корисниците, ќе може да одберат и интеракција со содржината која можеби не сакаат да ја видат. На пример тука спаѓаат говор на омраза, насилна содржина, експлицитна содржина, и слично.

Во оваа фаза Bluesky има седум различни категории во кои ја сместува оваа содржина. Корисникот за секоја од категориите може да одбере дали воопшто нема да ја гледа, дали ќе добие предупредување или ќе му биде прикажувана. На пример може да одберете да гледате „голотија“, но не и „порнографија“, или да добиете предупредување за било која од овие содржини.

Секако клучно за ова да функционира е содржините да бидат добро класифицирани пред да му бидат прикажани на корисникот. Токму управувањето со содржините е една од функционалностите на која работеа во последната година.

Борба на протоколи за децентрализација

Сепак, најголема разлика со Twitter е начинот на кој Bluеsky функционира. Наместо еден централен сервер за сите објави, платформата ќе биде децентрализирана. Ова значи дека нема да има еден централен сервер под контрола на Bluesky туку повеќе сервери кои ќе имаат сопствен принцип за модерација и селекција на содржините.

Засега креирањето на дополнителни сервери не можно. Bluesky сепак најави дека првите дозволи за надворешни девелопери кои ќе може да креираат сопствени сервери ќе бидат издадени до крајот на овој месец. Платформата е базирана на AT Protocol, кој овозможува креирање на дополнителни сервери од други корисници. AT Protocol (Authenticated Transfer Protocol) е алтернатива на ActivityPub протоколот на кој се базираат Mastodon и Threads на Meta.

Во моментов постои единствено централниот официјален сервер на Bluesky, на кој може да се приклучи секој. Сепак, клучното е дека во иднина секој корисник ќе може да направи сопствен сервер или апликација, како што ги нарекуваат во Bluesky. Искуството на овие сервери нема да зависи од главната платформа и нема да има никаква поврзаност со Bluesky. Ова практично ќе биде многу слично на она што се случува со Mastodon. За разлика од Mastodon кој работи на „децентрализација преку федерација“ која овозможува поврзување на заедници, Bluesky работи на креирање на исклучително интероперабилна друштвена мрежа во која корисниците ќе можат без никаков напор да имаат интеракции на различни платформи.

Бесплатна апликација со функционалности кои се наплаќаат

Користењето на апликацијата е бесплатно, а планот е Bluesky да заработува од дополнителни функционалности за корисниците. Дел од овие функционалности се кастом фидови и компанија како Cloudflare која ќе го олеснува креирањето на АТ протокол сервери, пишува Verge.

„Навистина веруваме дека иднината на социјалните мрежи е, и треба да биде отворена и децентрализирана“, вели извршниот директор на Bluesky Џеј Грабер за Engadget. „Ова е нешто што мислиме дека е добро за јавната дискусија во целина“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk