6 коментари 2 мин. читање 15 септември, 2014

Еднооки се враќа на Веб, но скриен зад платежен ѕид

Популарнaтa сатирична серија Еднооки се враќа, но не на телевизија, туку онлајн на parahodot.tv. Тоа што е ново, освен новите шеги и исмејувања на политичките карикатури, е што Еднооки нема веќе да биде бесплатна за гледање. Кога одеше на телевизиската програма, серијата беше достапна за сите, иако не беше бесплатна бидејќи ни наплаќаа со спамирање на реклами. Но, разликата е што на веб, за да ја гледате серијата ќе мора да станете претплатници.

Еднооки ќе биде достапна преку прелистувач, мобилен телефон и таблет компјутери за сите кои ќе оделат 33 денари за една епизода. Според ценовникот, ценатa вклучува до 5 пати гледање на таа епизода со вклучени реклами. Ова можеби е отстапка од вообичаените платежни ѕидови на Интернетот на кои сме навикнати, дека ако плаќате претплата нема да има реклами.

Бидејќи е на Веб, Еднооки овојпат ќе биде достапнa и за корисниците од дијаспората кои ќе можат да платат од 1,3 долари за епизода до 5 долари за 4 епизоди со вклучени реклами, кои можат да се изгледаат до 5 пати.

„Убедени сме дека нашите корисници ќе бидат задоволни со новото искуство и можноста да ја следат секоја епизода во време и на уред кое најмногу им одговара. Првата епизода е бесплатна и е во документарен стил“, вели Борис Дамовски, продуцент и извршене директор на Параходот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
6 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
www
www
11 years ago

Една реплика од култниот “ко то тамо пева“ велеше: Неќе се они леба најести

Martin
Martin
11 years ago

Alo bre, pa 33 denari se. Ne baraat iljadarka od epizoda.

Виктор Дано
11 years ago
Reply to  Martin

Не е проблем што се 33 денари. Напротив треба да има платежни ѕидови и по медиумите, инаку како ќе опстанат тие во свет контролиран од неколку огласувачи кои те уценуваат за попусти. Но, интересен е моделот – плаќаш и имаш реклами, што не е вообичаена пракса.

@goranmitev
11 years ago

Интересен избор на начин на заработка. Ама веќе ако прикажуваат реклами, тоест ако имаат огласувачи, тие огласувачи ќе платат поголема цена доколку има поголема гледаност, а тоа би значело бесплатно прикажување.

Viktor Dano
11 years ago
Reply to  @goranmitev

Тоа е вообичаена пракса нели? Но, можеби се надеваат дека уникатната содржина ќе им привлече претплатници (и со добра бројка претплатници ќе привлечат реклами), иако на ТВ имаа далеку поразлична група гледачи (повозрасни гледачи), кои не верувам дека ќе ги претворат во онлајн претплатници.

Мени
Заедница
Изглед
To top