Нов напредок ќе ги донесе транспарентните соларни панели во секој дом

во Свет

Универзитето Мичиген креираше потполно транпарентна ќелија за која се надеваат дека овозможи креирање на прозорци кои ќе можат да ја собираат енергијата од сонцето. Иако кога станува збор за енергијата која би ја собирале куќите не станува збор за премногу голем удел, овозможувањето на замена на прозорците во облакодерите кои вообичаено ќе допринесе значително во намалувањето на електричната енергија која би требало да се купи.

„Кога ги гледате облакодерите имаат огромни површини. Тие можат да бидат ефикасни колектори во текот на денот. Во многу згради веќе инсталираме филм за да ја одбијат инфрацрвената светлина и да ја намалат цената за загревање и ладење. Сакаме да направиме нешто слично што иствремено ќе произведува електрична енергија“, вели Ричард Линд, професор на Универзитетот Мичиген.

Панелите работат на принцип што молекулите во филмот ја апсорбираат енергијата и „светат“, а светлечката инфрацрвена светлина понатаму се бутка кон краевите на ќелијата каде со помош на ленти направени од соларни ќелии на рабовите се претвора во електрична енергија, вели Fastcoexist. Најголем недостаток на панелите е нискиот коефициент на ефикаснот при работа. Во моментов транспарентните ќелии овозможуваат конверзија на само 1 отсто од влезната сончева енергија во електрична. Ова е 20 пати помалку од панелите кои се користат во моментов.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments