0 коментари 2 мин. читање 15 септември, 2014

Екзоскелетон од текстил ќе им асистира на лицата со физички нарушувања

Научници од Харвард креираа флексибилен автоматизиран екзоскелет кој ќе помагне да се завршат задачите кои вообичаено обичен човек не би можел да ги заврши. Принципот на работа на егзоскелетот, поддржан со 2,9 милиони долари донација од DARPA, е да ја следи работата на мускулите, притоа асистирајќи им. Технологијата која го овозможува ова е „структуриран функционален текстил“ кој овозможува силата да се пренесе во текот на движењето.

За разлика од останатите егзоскелети кои сме ги виделе досега, егзоскелетот кои го направија научниците на Харвард е флексибилен и овозможува зголемување на силата на корисникот за 20 отсто. Играчите на Crysis се сеќавааат дека нешто слично, но со далеку повеќе опции веќе видоа во играта.

„Всушност не забележувате дека системот ви помага, но кога ќе го исклучите ќе забележите дека нозете ви се тешки, значи телото ви се адаптирало.“, вели креаторот Конор Волш, кој објасни дека вака креираниот егзоскелет ќе може да им помогне на жртвите на мозочен удар побрзо да закрепнат, на работниците, пожарникарите и војниците да креваат поголем товар, на повозрасните како помагало за движење и уште мнoгу други начини на кои ќе помогне. Најголема предност на моделот на г.Волш е што за разлика од конкуренцијата која креира крути и тешки егзоскелети, oвој е еластичен и лесен. Сегашната верзија на костимот тежи само шест килограми, од кој наголемиот дел отпаѓа на батеријата и на моторот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top