one.Vip. Ова ќе биде името на новиот оператор кој ќе биде спој од One и Vip. Иако компаниите молчат за детали од соработката, јасно е дека заеднички ќе имаат поголем дел од пазарот од Македонски Телеком, кој е единствената конкуренција. Заедно двете компании ќе бидат во подобра позиција да понудат пакет услуги од мобилната и фиксната телефонија, интернет и телевизија.
Како што беше најавено уште во октомври, Telekom Austria Group се договори со Telekom Slovenije Group да ги спојат двата оператори и со тоа да освојат 53 отсто од мобилниот пазар. Новата компанија ќе има и удел од 26 отсто во фиксната телефонија; 26 отсто во интернет пристап и 33 отсто со понуда на телевизија, иако последново може да се смени бидејќи Vip од неодамна стана сопственик на Blizoo. one.Vip ќе биде под контрола на австриската Mobilkom Mazedonien Beteiligungsverwaltung GmbH, која е во сопственост на Telekom Austria Group.
Барањето за спојување е испратено до Комисијата за заштита на конкуренција, која постави рок од 10 дена за трети страни кои сакаат да поднесат забелешки против спојувањето. Но, шансите се дека Комисијата ќе го дозволи спојувањето, и според најавите може да очекуваме one.Vip да биде официјализиран за три месеци.
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.