0 коментари 2 мин. читање 9 јануари, 2015

Spartan, новиот прелистувач на Microsoft, ќе биде подобар од Internet Explorer

Новиот прелистувач за кој се повеќе се шпекулира дека ќе дојде со Windows 10 ќе биде целосно различен од тоа што сме навикнале од Internet Explorer. Со работно име Spartan, овој прелистувач ќе има и многу други функционалности кои не доаѓаат, ниту на останатите прелистувачи. Една од нив е можност да се селектира текст од веб страна со помош на е-пенкало и потоа оваа белешка да се испрати до соработници или пријатели, вели Verge. Препраќањето на овие пораки ќе биде преку веб складиштето OneDrive, што е дел од стратегијата на Microsoft да ги поврзе сите свои сервиси на една платформа без врска кој уред се користи.

Втора функционалност доаѓа од интеграцијата со асистентот на Microsoft, Cortana. Ова ќе овозможи пребарување на најразлични информации кои на корисникот понатаму можат да му бидат презентирани директно во Spartan. На пример пребарувањето на авионски лет кој Cortana веќе го следи ќе овозожи поедноставно пребарување и во прелистувачот со едноставно впишување на компанијата.

Новитет ќе биде и можноста корисниците сами да си ги распределат табовите како сакаат со што би можеле да ги поделат личните табови од тие кои им се потребни за работа, но и да ги поделат како и да им текне без никакви ограничувања. Прелистувачот би требало да биде речиси идентичен на сите платформи без разлика дали е телефон или десктоп, вели ZDNet.

Spartan ќе биде достапен на сите верзии на Windows 10 оперативниот системи и за сите уреди од телефони до десктоп комјутери. Сепак Microsoft нема да го пензионира Internet Explorer, туку постои можност двата прелистувачи да доаѓаат заедно на Windows. Засега нема најави за верзии на Spartan за iOS или Android.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top