0 коментари 1 мин. читање 6 март, 2015

E-книгите во Европа ќе бидат поскапи поради поголемиот данок

Европската комисија одлучи дека е-кингите не се во иста категорија со книгите од хартија и поради тоа не можат да побараат изедначување на данокот за дигиталните и хартиените изданија.

Оваа контраверзна одлука е поради тоа што Комисијата гледа на е-книгите како на услуга, а не како на стока за продажба, бидеќи за нивно читање е потребен дополнителен уред, јави Тhe Next Web. Најпогодени од оваа одлука ќе бидат жителите на Франција и Луксембурк кој од 2012 година на своите граѓани им нудат е-книги по понизок данок. Токму понудата за овие две држави е прична за разгледување на законот.

Одлуката на Европската комисија значи дека данокот на додадена вредност за е-книгите ќе треба да се промени на 20 отсто во Франција наместо досегашните 14,5, и 17 отсто во Луксембург наместо досегашните 14 отсто.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top