Instagram воведе прилично голем новитет во начинот на функционирање, и за прв пат ќе дозволи постирање за линкови кои ќе водат до други содржини и локации. Сепак станува збор единствено за новите „карусел“ реклами во кои ќе биде дозволено додавање на линк кој ќе води до надворешни содржини, јави Instagram на својот блог. Промената најверојатно е одговор на барањата на компаниите кои сакаат Instagram да овозможи поефикасен начин за рекламирање и можност за корисниците да можат да пристап на нивните страни директно од платформата. Ова е значајна промена за платформата која досега сакаше да ги задржи корисниците на Instagram каде можат да прегледуваат по фотографии.
„Иницијалното лансирање ќе биде фокусирано на бренфови, рекламите ќе овозможат корисниците повеќе да дознаат за компаниите и нивните продукти“, вели Џејмс Карлс кој е задолжен за монетаризацијата на Instagram, за Techcrunch.
Новите карусел реклами, овозможуваат разгледување на повеќе од една фотографија, своевидна фото-приказна. Разгледувањето е едноставно со провлекување на прстот преку екранот, што води до нова фотографија. „Компании од модната индустрија можат да го користат карусел за деконструкција на индивидуалните продукти кои определуваат одреден изглед. производителите на автомобили би можеле да претстават различни карактеристики на својот модел…“, велат од Instagram.
A New Way for Brands to Tell Stories on Instagram from Instagram on Vimeo.







