Neptun Duo е поинаков концепт на паметен часовник

Neptun Duo е нов паметен часовник од канадската компанија Neptun која има одлична идеја да го диференцира Duo од останатите паметни часовници така што ќе го направи да биде центар на кој се приклучува телефонот, кој доаѓа заедно со часовникот. Neptun Duo е заедно часовник и телефон. Часовникот наречен Hub доаѓа со SIM-картичка и овозможува „телефонски“-разговори и преглед на интернет содржини. Pocket пак е телефон без SIM-картичка кој овозможува слична функционалност како останатите телефони, со таа разлика што се оди преку часовникот. Покрај дополнителен екран Pocket може да се користи и како дополнителна батерија, бидејќи овозможува од него да се полни и часовникот.

Со оглед на тоа дека сите податоци и апликации се наоѓаат на часовникот, при губењето на екранот/телефон речиси и да нема причина за паника. Часовникот едноставно се спарува со екраните кои може да се позајмуваат од други корисници, а податоците остануваат безбедни на зглобот на корисникот, заедно со сим картичката.

Изгледот на Neptun Hub всушност е изненадувачки добар и повеќе наликува на мултифункционална алка од иднината. Цената за жал е прилично висока и Neptun Duo ќе биде достапен за 800 долари од GetNeptune, очекувањата се дека уредите ќе бидат достапни кон крајот на 2015 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments