DVB-H:Дигитална мобилна телевизија

во Статии

{mosimage}DVB-H (Digital Video Broadcasting for Handhelds) е формат за дигитална телестријална мобилна телевизија кој од неодамна беше одбран за стандарден формат за телевизија од овој тип во Европската унија. DVB-H форматот се издвојува од DVB-T (Digital Video Broadcasting – Terrestrial)  со дополнителните подобрувања во поглед на потрошувачката на енергија.

Оваа технологија со својот карактер е наменета за уреди кои се напојуваат од батериски единици, а тоа го овозможува релативно новата технологија наречена „Time Slicing“.

{mosimage}

Општо познато е дека DVB овозможува гледање на повеќе телевизиски сервиси на една фрекфенција (благодарение на OFDM технологијата), токму тука беше потенциран проблемот со прекумерната потрошувачка на енергија. Процесирање на сите сервиси кои се емитуваат претставуваше преголем товар за мобилните уреди.

{mosimage} 

Со „Time Slicing“ или временско поделување ова е решено на начин што по избор на сервисот, уредот ќе го процесира само пакетот дигитални податоци кои соодвестуваат со избраниот сервис, дедека за време емитувањето на другите сервиси ќе се вклучува во power-saving режимот или редуциран начин на работа. Со ова ќе се постигне задоволителна енергентска ефективност, оптимална за работа на мобилните уреди.

{mosimage} 

На втората слика е прикажана можноста за комбинирано емитување на DVB-H и DVB-T форматот каде една четвртина или 13.27 Mb/s е резервирано за DVB-H.

Најголем адут на DVB-H форматот е тоа што веќе е подржан од големите производители на мобилни телефони како Nokia, SonyEricsson, Sagem, Samsung и други, а исто и од најголемите мобилни оератори во Европа, Vodafone, O2 и T-Mobile.

Во САД Qualcom MediaFLO е стандардот кој се форсира од тамошните телекомуникациски гиганти како AT&T и Verizon, додека во Кина и Јужна Кореа се користат DMB и други стандарди за мобилна телевизија. За нив во некоја друга прилика.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments