{mosimage}Пристигна и следната генерација на безжичен широкопојасен систем за 3G мобилната технологија кој има брзина од 250 Mbit/секунда развиен од јапонскиот мобилен оператор NTT DoCoMo. Тестовите извршени во надворешни услови од страна на секторот за развој и истражување на компанијата во Јокосука, Јапонија ја потврдуваат брзината.
Насловен Super 3G од NTT DoCoMo, ова е еден од системите кои се дел од 3rd Generation Partnership Project – стандардот за сите 3G мобилни системи.
Шуичиро Ичикоши од NTT DoCoMo на нивната прес конференција изјави дека проектот бил започнат уште од средината на 2006 година со цел да се спои HSDPA (High-Speed Downlink Packet Access) технологијата со 4G мобилни системи.
Оргинално дизајнираните 3G системи се способни за достигнување на брзина дo 384Kbit/секунда, но благодарение на HSDPA технологијата тие сега поддржуваат брзини и до неколку мегабајти. Јапонската компанија моментално нуди брзини до 3.6Mbit/секунда, а за само неколку дена ќе оствари нова понуда со брзини до 7.2Mbit/секунда.
Користената технологија има потенцијал од достигнување на брзини до 100Mbit/секунда, додека 4G системите овозможуваат брзина до 1Gbit/секунда.
NTT DoCoMo се надева дека со Super 3G ќе заврши до крајот на 2009 година и ќе може веднаш да ја имплементира технологијата за комерцијални услуги.






