Веб складиштето додаде Undo копче за да ги поправите сите грешки. Dropbox е сервис кој овозможува да се складираат фајлови на веб. Имате бесплатни 2-3 GB, а за повеќе се наплаќа. Сервисот е корисен бидејќи ви инсталира фолдерче на десктоп кое веднаш ги синхронизира фајловите со облакот и ви овозможува да пристапите до нив од било каде.
Сервисот веќе чува претходни копии од избришани фајлови во период од 30 дена во случај да се предомислите, не за џабе е популарен сервис, но со Undo копчето ќе може да ги поправите грешките како преименување или преместување на фајлот. Windows и Mac корисниците можат да ги поправат грешките само со Ctrl+z или ⌘ Command+Z кратенките за побрза поправка.








