0 коментари 2 мин. читање 29 јуни, 2012

Аdobe нема да поддржува Flash Player за Android 4.1 Jellybean

Adobe ја прекина подршката на Flash Player за Android. Поточно, верзијата 4.1 Jelly Bean ќе биде последната на која флеш ќе работи со полна поддршка од Adobe. Дури и надградба на 4.1 од 4.0 може да предизвика непожелно функционирање на „Flash Player“. Сепак Adobe ќе продолжи да издава надградби и безбедносни закрпи за сегашната верзија, иако, според нив, HTML5 е иднината.

„Препорачуваме бришење на Flash Player на уреди кои се надградени на Android 4.1.”, вели Adobe.

Во иднина единствен начин за добивање на „Flash Player“ ќе биде преку производителите на Android телефони или таблет компјутери. Од 15 август ќе биде прекината и соработката  со Google Play од каде истот така можеше да го предземете флеш плеер. Adobe ќе продолжи да издава сертификати  на уредите кои се погодни за користење со нивните производи.

Постоењето на огромниот број на Android телефони ии таблет компјутери за кој треба да се изврши проверка за подршка прави обезбедувањето на еднаков квалитет на услуга на сите уреди да биде речиси невозможно. Сепак прекин на соработка со платформа која е една од најбрзо растечките не ми изгледа на паметен потег.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top