0 коментари 1 мин. читање

Дознајте кога некоја телевизиска серија станува здодевна со TV Chart

Телевизиските серии знаат да се развлечат низ многу сезони. Кога ќе се земе таквото патешествие во предвид, повеќе од јасно е дека не може сè да оди во најдобар ред. Многу серии почнуваат со јаки и впечатливи сезони, но подоцна ја менуваат нивната оригинална визија, потпаѓаат на притисокот од креативни компромисии и, како директен резултат, епизодите страдаат, стануваат здодевни, предвидливи и на чекор од заборавот.

TV Chart е веб сајт кој визуелно ви покажува каде точно се наоѓа таквиот клучен момент. Едноставно напишете го името на телевизиската серија и ќе добиете целосен преглед и IMDb оценки за секоја епизода од секоја сезона. Game of Thrones е одличен пример за ова и јасно се види како од 67 епизода, гледачите стануваат видно незадоволни од оваа децениски феноменалната форма на забава.

На располагање имате и засебен преглед за секоја сезона, а за подобар визуелен увид, можете да си играте со три опции, како трендови, според бои, или Y скалата. Доколку застанете со стрелката на некоја точка, ќе можете да го прочитате името на епизодата и оценката која е извлечена од IMDb.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top