0 коментари 1 мин. читање

Steam Game Festival нуди над 900 бесплатни демо игри

По едно одложување, Steam Game Festival конечно е тука и стотици и стотици демо игри. Доколку нас нè слушате, веднаш кликнете на горниот линк и започнете со преземање и проверка на дел од она што би можело да нè очекува во иднина.

Демо игрите се уредно подредени во соодветни категории и можете да се втурнете во акциони или авантуристички сесии, да го проверите најновото во поглед на стратегии, симулации или RPG игри, како и да се замислите со некоја загатка или забавите со некој платформер. Никако не се запоставени љубителите на спортски игри, хорор искуства, или визуелни новели. Скролнете подолу и ќе видите интересни и дополнителни категории и во поглед на теми.

Во меѓувреме, постојано се организираат најразлични настани каде девелопери зборуваат и ги прикажуваат нивните игри, даваат интевјуа и многу повеќе. За да не ги пропуштите оние настани во живо за кои сте заинтересирани, можете да поставите и потсетник кој ќе ви дојде преку имејл, Steam апликацијата, или соодветен календар.

Единствена забелешка која ја упатуваме кон настанот е тоа што е исклучително краток и едноставно не е можно правилно да се провери сè што би можело да нè интересира. По 22 јуни, се очекува сите демо игри да станат неигриви.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top