Графички и веб дизајнери, фотографи и фото ентузијасти – радувајте се! Adobe дозволи бесплатно симнување на Photoshop CS6 Beta. Beta значи дека софтверот има пропусти и грешки, но во исто време значи и можност лично да се запознаеме со новитетите што ги има во CS6.
Најочигледната промена е новиот интерфејс кој е ставен како основен, но кој може да се промени назад во стариот (зависи од навиките нели?) со кликање на Preferences. Подобрени се алатките Liquify, Warp, Transform, и подобра алатка за кропирање со која сега корисниците ќе можат да ротираат слики. Достапни се и нови филтри како Lightning Effect Gallery и Adaptive Wide Angle. CS6 има и опции за едитирање на видеа и аудио, како и подобро едитирање на 3Д објекти. Ова значи дека во новиот Photoshop во реално време ќе може да се променува позицијата од каде се гледа 3Д објектот и да се зумира.
[youtube]PTYcRWPsZUg[/youtube]
[youtube]UrlsnQ32YhY[/youtube]
Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.