Доделуваме карти за Codefest

0 коментари 1 мин. читање

Во пресрет на 6-тото издание на Codefest кое ќе се одржи на 20-22 април во Охрид, доделуваме карти на нашите читатели.

Програмата за оваа година изгледа вака:

  • Codeference – 20 април. Еднодневната конференција што ќе опфати се што е актуелно во светот на технологијата и стартап светот.
  • Codefest Marathon – 21 и 22 април. Веќе го спомнавме добро познатиот 32-часовен натпревар во развивање на технолошки идеи.
  • CFX-Business Expo – 20, 21 и 22 април. Простор за изложување на компании.
  • Codefest Workshops – 21 и 22 април. Разнолика агенда на практични работилници кои ќе опфаќаат разни теми.
  • Codefest Community Corner – 21 и 22 април. Дел посветен на пошироката технологија и стартап заедницата. Можност да организирате свој настан во рамките на Codefest.

Она што треба да го направите за да добиете карти е да ја пополните формата на следниот линк, каде во полето порака ќе го пишете бројот на карти кои би сакале да ги добиете. Важно е информациите кои ќе ги оставите да бидат точни за потоа да може да ве контактираме. 

 Повеќе инфорамции за настанот може да најдете на веб сајтот и на официјалната Facebook страна.
Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top