0 коментари 2 мин. читање 11 април, 2018

Дали блокчејн може да помогне и на индустријата за патување?

Индустријата за патување се надева дека ќе може да надмине дел од проблемите при патувањето.

Авиокомпанијата Lufthansa и хотелите citizenM започнаа соработка со повеќе стартапи кои треба да овозможат директно букирање, наместо преку посредник. Ова би овозможило цените и на билетите и на собите да бидат пониски за 25 отсто, вели Reuters.

Една од директните предности би биле следењето на багажот и летовите кои доцнат. Дополнително, со блокчејн ќе може поедноставно да се објават празните соби или слободните места.

Најголем дел од овие системи се спроведуваат преку посредници кои наплаќаат 25 отсто од цената. Користењето на блокчејн не само што е поефикасно, туку е и поевтино. Туристичките агенции ги користат овие посредници за да знаат кои соби и кои билети се слободни, но со блокчејн ова би можело да биде и полесно и подобро.

Еден од проблемите кои треба да се надминат за ова да стане реалност е да се намали времето потребно за транскација на блокчејнот. Засега се потребни 10 минути, што не е страшно, но не е ниту во реално време. Дополнително, ќе биде подобро сите превозници заеднички да креираат еден блокчејн, наместо секој да си креира блокчејн за себе.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top