YouTube се збогува со популарните песни, хакери го нападнаа сервисот

Хакери го нападнаа YouTube, a жртви на овој напад се неколку популарни музички видеа. Отстрането е и најпопуларното видео на сите времиња „Despacito“. Пред да биде „тргната“ песната имаше над 5 милијарди прегледи.

Нападот е дело на Prosok и Kutoi’sh, жртви се и видеат на Шакира пренесе HackerNews. Сепак изгледа дека промена на текстот во видеото и не е предизвик, и може да се направи и со основни познавања на Google Developer Tools и HTML.

Видеото на Шакира, доколку е навистина хакирано, е искористено за оставање на политичка порака. Пробиени се повеќе видеа на музичари на Vevo. Цел на нападите се и: Крис Барун, ДЈ Снејк, Селена Гомез, Дрејк, Кети Пери и Тејлор Свифт.

Засега е нејасно дали хакерите имале пристап до каналите на музичарите или стасале до каналот на Vevo.

Надополнето: YouTube ги врати видеата на својот сервис.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments