Додека NSA ги шпионира своите граѓани, германците објавија Email made in Germany

Германија, Бразил, Франција и Европската Унија работат на нови закони кои ќе ги блокираат американските власти да го прислушуваат Интернетот. Според нови документи од Едвард Сноуден, кои ги објави New York Times, NSA уште од 2010 година развивала социјални графови за граѓаните на САД. Со помош на тие графови, американската Агенција за национална безбедност била во можност да види кои личности се во комуникација меѓу себе, каде биле во одреден период од денот, со кого и каде патувале и други лични информации.

NSA прави големи анализи на податоците што ги добиваат од многу големо множество на комуникации од секоја мејл адреса, телефонски броеви и други идентификатори, се вели во документот. Како дополнение на тие информации се материјалите од јавните, комерцијалните и други извори, вклучувајќи ги сметките во банките, информации за осигурувањето, Facebook профилите, регистрациите за гласање и GPS информации од уредите. Тие немаат некаква граница до каде може да одат во собирањето на информации од граѓаните, стои во документот од Сноуден.

За разлика од САД, најголемиот провајдер на мејлови во Германија и операторот во сопственост на државата, Deutsche Тelekom, развиваја сервис познат како Email Made in Germany. Пораките кои се испраќаат преку тој провејдер се енкриптираат низ германски сервери, се почитуваат законите за приватност во земјата, а на американските власти нема да им биде лесно да дојдат до тие информации. Сервисот кој беше пуштен во август сега брои стотици илјади корисници.

Покрај Германија, и други земји се решени да ги спречат американските власти од складирање на огромен број приватни податоци. Бразил сака да креира нов закон кој ќе бара податоци на бразилските корисници да бидат складирани на сервери во земјата. Иако ова ќе им направи проблем на малите и големите интернет компании, сепак се чини дека целта ги оправдува средствата бидејќи вака ќе ги чуваат приватните податоци подалеку од NSA и други агенции кои можат да ги злоупотребуваат. Како што пишува Wall Street Journal, и Европската Унија е на пат да креира „европски облак“ кој ќе биде заштитен со закони за приватност на европските корисници, додека Франција работи на нови закони за како податоците на француски корисници се пренесуваат во други земји надвор од ЕУ.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Ivan
Ivan
12 years ago

Namesto EU da gi bara podatocite od NSA, sega ke moze samata ona da gi skladira i da si gi analizira.

Nemojte da veruvate deka EU e epten zagrizena za nasata sigurnost i privatnost.