Добредојде Netflix во Македонија

во Останато

Се чини дека едно од нашите предвидувања за 2016-та се оствари малку порано. Всушност, никој не очекуваше дека Netflix, еден од најпопуларните video-on-demand сервиси со околу 69 милиони претплатници ширум светот, ќе пристигне и во Македонија. Но, за претплата од 8 евра сега сите македонски корисници имаат пристап до популарни ТВ шоуа и филмови кои можат да ги гледаат на лаптоп, телевизор, телефон или таблет компјутер.

Netflix дефинитивно претставува сериозна конкуренција за македонските провајдери на дигитална телевизија, вклучувајќи и некои локални vod сервиси како Pickbox кои од неодамна влегоа на македонскиот пазар. Но, без грижа! МаxTV, BoomTV, Blizoo и другите нема да останат без гледачи бидејќи Netflix не нуди балкански канали, ниту спортски, што се главните причини зошто сè уште имате телевизор дома.

netflix

Што добивате со Netflix? Предноста на овој сервис е што дистрибуира содржина на телевизор, телефони, лаптопи, PlayStation и Xbox. Netflix е еден од водечките video-on-demand сервиси во светот бидејќи има листа со едни од најпопуларните филмови и TВ шоуа, иако листата во Македонија може да биде малку пократка од таа во САД и да ги нема најновите епизоди или сезони. Потребен ви е само солиден интернет за да може да се стримаат видеата, пoсебно тие во HD квалитет доколку ја одберете претплатата од 10 евра. Но, иако Netflix има фантастични шоуа, на пример Brеaking Bad, House М.D., Peaky Blinders (едно од нашите омилени), Blacklist… и многу, многу други; сепак има ограничена листа која постепено ја надополнуваат. Netflix е одличен сервис, но кога содржината е во прашање се натпреварува со HBO кој е достапен за половина од цената, пример за околу 300 денари на Max TV. Разликата е што HBO барем во Македонија засега може да го гледате само на ТВ, додека Netflix стрима содржина на различни уреди.

Сега со Netlflix конечно може да поставиме едно интересно прашање. Ние сме зависници од телевизија со регионална содржина: турски серии, српски розеви естради, реалити емисии, итн, итн… Поради ова, нема да погрешиме ако кажеме дека сите дома имаме телевизор, и сме претплатници на некој од локалните провајдери кои нудат балканска содржина. Сепак сега со Netflix, Pickbox и HBO имаме популарни шоуа кои до сега се испуштаа (или пиратираа), па се поставува прашањето – колку од гледачите се подготвени да ја заменат традиционалната телевизија со video-on-demand кој може да се гледа на таблет компјутери и лаптопи? Дали сме навистина подготвени за интернет телевизија? Според Netflix, сме. Тие веќе стартуваа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
23 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Vesna
Vesna
8 months ago

Kako da ja otkazam pretplatata?

King
1 year ago

Classic

trackback

[…] како премина во секојдневието. И во лоши, но и во добри моменти. Бевме и гласни и поттикнувавме […]

muhamet
1 year ago

mozi

andrijana
4 years ago

sega sum na probno na netflix i zakam da ja otkazam pretplatata to est ne sakam da prodolzam.
kako da ja prekinam pretplatata

Boban timov
Boban timov
5 years ago

Edno prashajne ako stanam pretplanik na netflix altomacki li mi prodolzuva ili treba pa da se pretplatam

Vesna
Vesna
8 months ago
Reply to  Boban timov

Kako da ja otkazam pretplatata?

Deni
Deni
6 years ago

A zasto opcija prevod na mkd jazik vadi samo dve obraboteni serii,i nema opcija na izbor na prevod,pr.srpski,hrvatski,bosanski,inaku e top i sum na eden meseec.proba,megjutoa i pokraj komunikacija na live chat so operator,gkeam seuste ne e reseno girenavedenoto,ne sum sigueen dali da se pretplatam :-(

trackback

[…] ова Prime станува и глобален конкурент на Netflix. Според првичната најава, Prime нема да ја локализира […]

trackback

[…] на Amazon Video доаѓа една година откако истото го направи Netflix. Двете компании креираат сопствена содржина, па ќе […]

trackback

[…] на Amazon Video доаѓа една година откако истото го направи Netflix. Двете компании креираат сопствена содржина, па ќе […]

trackback

[…] Hulu останува достапен преку претплата, и тоа преку две можности. Првата со реклами за 8 долари, а втората за 12 долари без реклами. Hulu со овој потег ќе се приближи повеќе до Netflix, најверојатно наскоро може да очекуваме и Hulu да се прошири и да биде достапен во целиот свет, како тоа што го направи Netflix во своето ширење пред одредено време, кога ја вклучи и Македонија. […]

trackback

[…] Кореја, Крим и Сирија. Најверојатно веќе знаете дека сервисот е достапен и во Македонија, а со оглед дека Netflix стои и зад петте најпопуларни ТВ […]

trackback

[…] Повеќе инфо на IT.mk […]

Bobi
Bobi
8 years ago

Dodeka ima http://putlocker.is/ besplatno so odlicen kvalitet na seriite , a i soliden kvalitetot na filmovite, nisto ne pravat vo MK :)

jonty55
7 years ago
Reply to  Bobi
Eftim
Eftim
8 years ago

Problemot e sto gi ima samo postarite epizodi na seriite i mnogu nedostasuvaat. Primer BLACKLIST ima samo edna sezona. Ako go vklucis preku USA proksi imas 2 sezoni… Samo eden primer od mnogu. Ali sepak e nekakov pocetok.

Dafuq
Dafuq
8 years ago

Што е финтава со имињата на сериите? Braking Bad, Doctor House (ова некој mash up од MD House и Doctor Who?), Peaky Binders (во ова име дури и кирилични еа букви сте искористиле). Грешки од брзање или намерно?
:D

Ragnar
Ragnar
8 years ago

Велите дека е конкуренција со HBO на МaxTV, зошто HBO е за пола цена… ама да не заборавиме дека на тоа мора да се додаде и претплатата (склучениот договор) со T-Home, така да сепак би рекол дека Netflix е во голема предност :D Имам едно прашање само, доколку можете да ми одговорите.. Дали со 15 mbps интернет конекција (од телекабел..) би можело без проблем да се стримаат овие HD филмвои и серии од Netflix?

Ragnar
Ragnar
8 years ago

Oк, фала на одговорот :) Е сега имам уште едно прашање, дали некој може да ми каже како можам да ја симнам апликацијата за Netflix на LG Smart TV (конкретен модел : LG 42LF5800) ? Самиот телевизор, истиот модел, на Амазон, покажува дека во себе ја има вклучено Netflix апликацијата како Premium. Ама.. тука кај нас, како премиум се наведени Pickbox i HBO GO. Па ако има некој што има LG и ја има симнато апликацијата, и веќе активирано Netflix, да ме упати некако? :D

Столе
Столе
8 years ago
Reply to  Ragnar

Дали филмовите имаат некаков превод или се без превод само на англиски?