Слободната друштвена мрежа која е во сопственост на корисниците, Diaspora, ја прифати Декларацијата за правата на корисниците на друштвени мрежи со цел да им понуди на корисниците побезбедно и поприватно споделување на лични податоци со сигурност дека истите нема да бидат злоупотребени.
Diaspora беше најавена уште пред една година кога нејзиниот концепт, да биде изградени врз основа на волунтери кои имаат пристап до кодот, привлече многу внимание. Нејзиното претставување беше во период кога Facebook наидуе на лавина критики заради друштвениот граф и нарушување на приватноста, па Diaspora беше оценета како иден конкурентен производ. Но, Diaspora и по една година се уште е во алфа фаза.
Сепак тоа не значи дека Diaspora не може да биде пример за останатите друштвени мрежи и веб сервиси за како треба да се отвори соработка со заедницата на програмери и корисници.
Декларацијата за правата на корисниците на друштвени мрежи, која ја прифати Diaspora и која е претставена во 2010 на конференцијата „Компјутерска слобода и Приватност“, вели дека сервисите се согласуваат на:
- Чесност: Ќе ја почитуваме нашата Полиса за приватност и Услови за користење.
- Прегледност: Ќе се осигураме дека нашите полиси, услови за користење и опции се лесни и разбирливи.
- Слобода на говор: Нема да бришеме или модифицираме кориснички податоци без јасна полиса или поткрепување.
- Еманципирање: Ќе ги подржуваме помошните технологии и универзалната пристапност.
- Себе-заштита: Ќе ги поддржуваме технологиите кои ја подобруваат приватноста.
- Минимизација на податоците: Ќе ги минимизираме информациите кои се бараат од корисникот за да може да споделува со другите.
- Контрола: Ќе работиме кон тоа да им обезбедиме контрола на корисниците врз нивните податоци и нема да ги споделуваме нивните податоци со другите.
- Предвидливост: Ќе побараме претходно одобрување од корисникот пред значително да промениме кој ги користи нивните податоци.
- Портабилност на податоци: Ќе направиме да биде лесно за корисниците да добијат копија од нивните податоци.
- Заштита: Ќе се однесуваме безбедно со корисничките податоци како да се наши доверливи информации, доколку тие одберат да ги споделат тие информации и ќе ги информираме доколку нивните податоци се злоупотребени.
- Право на знаење: Ќе им покажеме на корисниците како управуваме со нивните податоци и ќе им дозволиме да видат кој и што пристапува до нивните податоци.
- Право на себе-дефинирање: Ќе им дозволиме на корисниците да креираат повеќе од еден идентитет и да користат псевдоними. Нема да ги линкаме без нивна дозвола.
- Право на поплака: Ќе им дозволиме на корисниците да апелираат на штетни активности.
- Право на повлекување: Ќе им дозволиме на корисниците да си ги избришат профилите и да ги отстранат податоците.
„Се надеваме дека нашата одлука да ја прифатиме Декларацијата за правата на корисниците на друштвените мрежи ќе ги охрабри и другите ИТ компании да го направат истото и да ни се приклучат во обидот да се направи подобар, побезбедна и поприватен друштвен Веб за интернет корисниците ширум светот.“, вели Diaspora.
(tnx до Новица Наков)







