0 коментари 2 мин. читање 3 ноември, 2011

Расте бројот на жени основачи на стартапи

Oрганизација која цели кон зголемување на бројот на жени основачи на ИТ стартапи,Woman 2.0, неодамна објави инфографик во кој се прикажува дека е зголемен бројот на жени основачи во последните три години. Овие податоци се добиени од анкета спроведена кај публиката на Woman 2.0.

Истата анкета е спроведена и во 2008 година, кога 75 отсто од публиката на Woman 2.0 изјавија дека сакаат да започнат стартап. Таа бројка сега е намалена на 50 отсто, но ако пред три години 25 отсто од публиката имаше основано стартап, тогаш таа бројка сега е качена на 50 отсто. Оттука значи дека дел од тие што сакале да основаат технолошки стартап, всушност тоа и го сториле, и со тоа бројката на жени основачи во последните три години се дуплирала.

Во инфографикот исто така стои и дека во 2008 години скори сите анкетирани биле лоцирани во Сан Франциско, и неговата околина, додека според новата анкета доаѓа до географска разноликост, па така од 99 отсто, сега само 46 отсто од интервјуираните се наоѓаат во Сан Франциско, додека 7 отсто се во Њу Јорк, а дури 47 отсто се наоѓаат на различни места.

Уште една интересна промена во периодот од едната до другата анкета е процентот на жени кои се заинтересирани за едукација. Во 2008-ма дури 85 отсто од анкетираните сакале да одат само на настани, сега 25 отсто се заинтересирани за настани, додека останатите сакаат да учат за претприемништво и за пристап до финансирање.

(via TechCrunch)

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}