Случајните играчи се најголемиот пазар, вели ISiouxTaurus

во ИТ.МК

„Овој факт ме донесе до одлуката да креирам онлајн игри, чист бизнис модел. Тоа беше во 2006 година.“

ISiouxTaurus е холандско-македонска компанија која г. ван дер Флер ја формира откако го остава медицинскиот занает и се префрла во ИТ секторот. Компанијата, која се специјалира во игри за менаџирање на време, во 2008 година влегува во соработка со YoudaGames.com порталот, каде корисникот има можност да ја игра играта онлајн или да ја симне за одредена сума.

„Пазарот на случајните играчи е можеби најголемиот пазар од сите гејминг пазари. Има многу потенцијал, но и има многу конкуренција, од индивидуални продуценти до мултинационални компании. Ова е „хит“ бизнис и со тоа многу опасен, нема хит нема пари и развивањето на игрите е многу скапо. Пазарот си бара висок квалитет, како во графиката, така и во игривоста и во стандардите кои постојано растат.“ вели г. ван дер Флер.

Најновата нивна игра е веб базираната Youda Survivor која првпат ја видов на Igrici.mk. Освен позитивната рецензија, Youda Survivar е топ 3 симната игра на YodaGames.com, ме привлече и насловот – „Made in Macedonia”. Играта е развиена во Скопје. Концептот и идејата доаѓа од Холандија, а потоа се развива првиот прототип од играта…

„Идејата за игра доаѓа од маркетинг одделот во Холандија, тогаш продуцентите тука одлучуваат дали ќе го направат тој концепт. Со креаирање на прототип, игривоста станува појасна. Дизајнерот на играта и нивоата, уметничкиот директор и софтвер архитектот ги креираат нивните документи и продуцентот одлучува дали ќе им даде зелено светло за развивање. Системот со јасни цели е менаџираат со Scrums од координаторот на тимот. За време на продукцијата има тест фази и проверка на перформансите на играта во поглед на игривоста, забавниот фактор итн…

Алфа верзијата е скоро готова после 12 до 15 недели, но тогаш треба додатни 10 до 12 недели за креирање на бета верзијата. Оваа време е потребно за адаптација на внатрешните и надворешните кориснички тестови, креирање и балансирање на понекогаш повеќе од 60 нивоа. Сега бета верзијата оди на тестирање од реалниот корисник, околу 2.000 случајни играчи ќе тестираат 1 час игривост и ќе ни пратат коментари. Нивните коментари ќе бидат искористени за финалното балансирање и промена на играта. Така од самата идеја до реализација е потребно меѓу 8 до 9 месеци.“

Вака се калее гејмингот.

„Се уште сме „почетници“ во овој деликатен бизнис, Youda Survivor добива одлични рецензии и резултатите од продажбата не се воопшто лоши… времето ќе покажи ако е вистински хит.“ вели г. ван дер Флер.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
viktor stojanovski
viktor stojanovski
12 years ago

?????

Taurus
Taurus
12 years ago

Јас не сум рекол ништо, од каде ова пак сега :D

Невен Пејков
Невен Пејков
12 years ago
Reply to  Taurus

prutser