Џулијан Асанж е конечно на слобода

во Вести

Основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж и САД се спогодија. Асанж ќе се изјасни за виновен по обвинението за заговор за добивање и откривање на податоци за национална одбрана, а неговата казна ќе биде времето кое веќе го одлежал, пишува во судските документи до кои дојде NBC. Тој ќе се појави пред судот во среда, 26 јуни во 9 часот по локално време. Според спогодбата ќе се изјасни за виновен. По ова американскиот оддел за правда очекува дека Асанж ќе се врати во Австралија.

Асанж веќе го напуштил затворот во Лондон и Обединетото Кралство. На 24 јуни заминал во Австралија.

„Џулијан Асанж е на слобода. Го напушти затворот со максимална безбедност Белмарш на утрото 24 јуни, откако таму помина 1901 ден. Високиот суд во Лондон му одобри кауција и попладнето беше ослободен на аеродромот Стенстед, каде што се качи на авион и замина од Обединетото Кралство“, пишува во објавата на WikiLeaks профилот на X.

Спогодбата е поднесена во Окружниот суд на САД за Северните Маријански Острови доцна навечер на 24 јуни. Според очекувањата на Асанж ќе му биде изречена затворска казна во траење од 62 месеци, што е времето кое веќе го помина во затворот во Лондон. Ова значи дека ќе може веднаш да замине во Австралија, држава од која потекнува и ќе ја избегне затворската казна во САД. Пред да биде официјална, спогодбата треба да ја потврди и федерален судија. Со оглед на тоа дека Асанж веќе е на слобода, се чини дека потврдата ќе биде единствено формалност.

Обвинението против Џулијан Асанж беше во 18 точки, и предвидуваше максимална затворска казна од 175 години. Изрекувањето на максималната казна не беше премногу веројатно.

Џулијан Асанж и WikiLeaks

Судскиот спор против Асанж во САД се однесува на објавувањето на доверливи воени податоци во 2010 и 2011 година. Воениот разузнавач Челси Менинг со Асанж ги сподели овие податоци, кои тој ги објавуваше на Wikileaks.

Wikileaks започна неколку години порано. Во 2006 година платформата започна да споделува доверливо податоци. Во споделените податоци беа приказната за Гвантанамо и третманот на затворениците во овој затвор; објави за воени злосторства; и откривање на неколку напади со цивилни жртви кои војската на САД ги криеше. Дел од споделените податоци на WikiLeaks се однесуваа на војните во Авганистан и Ирак.

Барак Обама ја помилува Челси Менинг во јануари 2017 година.

15 години бегство и затвор

Последните 15 години Асанж ги помина во некаков затвор. Дел од ова време го помина во затворот во Лондон, но дел од времето го помина и како азилант во амбасадата на Еквадор криејќи се од властите. Во овој период, целото време го поминуваше во неколку соби во амбасадата. Британската полиција беше распоредена околу амбасадата подготвена да го уапси штом ќе излезе.

Во амбасадата се криеше од 19 јуни 2012 година, до 11 април 2019 година кога под притисок на администрацијата на Доналд Трамп, Еквадор го повлече неговиот азил. Од апсењето до сега Асанж е во затвор. Иако има повеќе обвиненија против него, единствена пресуда е за прекршување на кауцијата и непојавување на суд за која е осуден на 51 месец затвор.

На самиот истек на затворската казна администрацијата на претседателот Трамп побара негова екстрадиција. Овој процес шест години подоцна не е завршен во целост, а последната одлука на британскиот суд кој одлучуваше по ова прашање е: „Асанж има право на жалба“.

Асанж за време на својот азил во амбасадата стана и татко на две деца кои сега имаат 7 и 9 години.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
xDrrstrrt
xDrrstrrt
1 year ago

Веројано имате мноогу искривена перцепција на гледање поимот СЛОБОДА и почитување на ЧОВЕКОВИ ПРАВА..или така ве школува западниот сатанизам,додека се што е ВИСТИНСКА СЛОБОДА,на ИСТОКОТ,е диктатура и кршење на човековите права…
Дајте малку тоа ви се одразвуа на Вас и овдешното уредување по форум и сл.работи…

Astro
Astro
1 year ago

Асанж не е баш радосен што е на слобода. Зошто? Затоа што стејт департментот не простува „предавство“ и било какво нарушување на лажниот углед. Сега ќе го најдат и ќе го убијат, како и со стотици други случаи, како и што беше објавено во протекувањата.