0 коментари 2 мин. читање 17 октомври, 2012

Џеф Безос побара властите да се инволвираат во патент војните

Основачот на Amazon, Џеф Безос побара властите да се вмешаат во патент војните во ИТ индустријата. Мислењето на г.Безос за патент војната е во слична насока со мислењата на Стив Возниак и Ерик Шмит, но сепак тој е прв кој се залага за владини интервенции во патент тужбите.

„Патентите треба да ја поттикнат иновацијата, наместо тоа почнуваме да живееме во свет во кој тие можеби ја задушуваат иновацијата.“, вели г.Безос во интервју за Metro.

И покрај тоа што живееме во златно време на технологијата, пред се за паметни телефони и Wi-Fi уреди, г. Безос предупредува дека државите мора да се заложат за промени на законите за патенти кои се штетни за општеството и за иновацијата.

„Ја сакам технологијата, го сакам иноваторството, ми се допаѓа брзата промена и навистина е златна ера за безжичните и за преносните уреди.“

Изјавата на Џеф Безос доаѓа во време кога се водат разговори помеѓу Samsung, Apple и Google под покровителство на Обединетите нации. Главна тема на разговор на конференцијата е дали патент војните го забавуваат иноваторството и развојот. Средбата се одржи во Женева, а присуствуваа претставнице од сите технолошки гиганти.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top