Секој сопственик на припејд број во Македонија ќе треба да остави лични податоци како име, презиме, матичен број и адреса, вели Агенцијата за електронска комуникација (АЕК). Ваквата регистрација е со цел да ги намали анонимните јавувања од кои се жалат корисниците, вели директорот нa АЕК, Роберт Ордановски.
„Целта на ваквото решение е да се спречат малверзациите. Нашиот број 190 е оптоварен со јавувања од граѓаните кои постојано се жалат на вознемирувања. Сакаме тие да бидат максимално задоволни, да се спречи оваа аномалија“.
Секој корисник кој има припејд картичка, или ќе купи во иднина, ќе мора да остави лична карта за евиденција. Досегашните припејд корисници ќе можат да се регистрираат во салоните на операторите или преку онлајн регистрација кој ае воведена на сајтовите на операторите.
Интересно, новите SIM картички ќе бидат заклучени се додека не се достават информациите.
„Важно е да се напомене дека во случај кога се врши регистрација од страна на самите припејд претплатници на претплатничките броеви доделени на новокупените припејд SIM картички, SIM картичките ќе бидат „заклучени“ односно пристапот до услугите ќе биде оневозможен сè до доставувањето на сите барани податоци (име и презиме, ЕМБГ и адреса на живеење според лична карта), нивна верификација и успешно запишување во нашата евиденција.“, пишува на сајтот на Vip.
Злопотребите и малтретирањето од корисниците ќе може да се спречи со јавување на 1188 (повикот е 15 ден) каде ќе може да се дознае кој стои зад бројот.
Коментари
9 коментари
Коментарите се затворени.