Деветнаесет годишниот Џошуа Бродер со чет бот им помага на бездомниците

Avatar img-thumbnail img-circle

во Останато

Деветнаесет годишниот Џошуа Бродер од Лондон е креатор на DoNotPay, првиот робот адвокат. Роботот им помогна на 160,000 луѓе кои имаа проблеми со казни за паркирање во Лондон и Њујорк, а сега г. Бродер најaви нов проект, робот кој ќе им помогне на бездомниците.

Роботот ќе им помогне на бездомниците со бесплатна правна помош. Новата функционалност на роботот ќе им помогне на бездомниците, да аплицираат за сместување.

Корисникот треба да одговори на неколку прашања, како дали живееат во Британија или САД, дали се бездомници според законот и која е причината поради која се на улица. Потоа, врз основа на овие податоци роботот во име на личноста испраќа барање до локалните власти.

Дел од прашањата кои треба да се одговорат се однесуваат и на здравствената состојба, а ова според законот им помага побрзо да дојдат до сместување. Ако бездомникот има ментална болест, писмото ќе биде преуредено и ќе се фокусира токму на овој податок, известува Washington Post.

„Започнав да добивам многу барања кои се однесуваа на налози за иселување и одземање на предмети. Забележав дека иселувањата се највисоко ниво досега. Се чувствував лошо бидејќи немав познавања кои би им помогинале на луѓето, а тие остануваа без своите домови.“, вели г. Бродер.

Британија на своите нови бездомници им нуди привремени сместувања, но мора да бидат исполнети услови и да биде поднесено барање. Без познавање на законот, без правна помош, најголем дел од бездомниците остануваат на улица.

Не сите се согласни дека автоматизацијата е одговорот на сите проблеми.

„Автоматизацијата може да биде корисна, но има сериозни недостатоци. Најголем дел од клиентите не можат да бидат сместени во калап, а се плашам и од проблемите кои можат да бидат предизвикани од бот-апликациите, но и од правните проблеми.“, вели Шели Норц, од  Coalition for the Homeless.

Ако успехот на претходната платформа може да биде некакво мерило, тогаш овој проект е на одличен пат. Од околу 250.000 жалби, усвоени се 160.000, што на корисниците им заштеди 4 милиони долари.

Guardian

Image courtesy of Guardian

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] креираше нови надградби. Една ваква надградба беше наменета за бездомниците на кои им нудеше бесплатна правна помош полесно да […]

trackback

[…] тука ситуацијата станува поинтересна. Се сеќавате на Џошуа Бродер? Г. Бродер креираше чет бот кој сосем бесплатно им […]

trackback

[…] Веќе има најави и за алгоритми кои ќе им даваат правна помош на […]

trackback

[…] Веќе има најави и за алгоритми кои ќе им даваат правна помош на […]