Детален преглед за Avatar: Frontiers of Pandora

Avatar: Frontiers of Pandora e една од игрите кои со нетрпение ги очекувавме да излезат. Уште на самиот почеток, се шепотеше дека се работи за Far Cry во Avatar руво и се алудираше на уште една имплементација на препознатливиот Ubisoft урнек поврзан со отворените светови.

По едно неделно дружење со играта, безбедно можеме да кажеме дека Avatar: Frontiers of Pandora е забавен и доволно уникатен наслов во кој особено ќе уживате доколку сте и Far Cry и Avatar фанови. Развојното студио Massive Entertainment има направено преубав отворен свет кој преколнува да биде истражен на нови начини. Во оваа прилика, ги разгледуваме сите аспекти на играта и го даваме ултимативниот одговор: дали Avatar: Frontiers of Pandora е игра на која треба да ѝ се посветите?

Во исчекувањето на Џејк Сали

Почетокот на Avatar: Frontiers of Pandora, односно првиот половина час од играта се протега низ добри 34 години. Осум години пред појавувањето на Џејк Сали, ќе се најдете како еден од петте човечки амбасадори. Всушност се работи за едно од петте киднапирани деца од страна на Џон Мерсер. Но, децата не дозволуваат така лесно да бидат изманипулирани и никако не забораваат одредени вознемирувачки настани.

Осум години поминуваат и Џејк успева да издвои победа врз RDA, принудувајќи го Мерсер да се повлече од Пандора. По низа околности, вие и останатите Na’vi амбасадори ќе бидете во cryo мирување добри 16 години. Кога ќе се разбудите, ќе можете конечно да навлезете во срцето на Пандора и директно да бидете инволвирани во целосното потиснување на RDA силите.

Играте со машка или женска Na’vi верзија. Ликовите се доста слични еден на друг.

Се гледа дека е посветено многу време на осмислување на приказната, како и филмската презентација на бројните заплети и расплети.

Avatar: Frontiers of Pandora се одликува со одлично анимирани ликови и релативно солидна глума, но неуспешно разбива одредени наративни стереотипи. Имено, по првичното запознавање, одредени ликови стануваат крути, предвидливи и неинтересни. Точно знаете кој е полн со ароганција, кој се води од слепо его и кој живее во хендикипирачки страв. Ваквите предиспозиции остануваат непроменети низ целата игра и во ниеден момент не го изненадуваат играчот.

Дополнително, иако ни се допадна глумата на женската верзија на ликот со кој играте, глумата кај машката верзија делуваше на моменти форсирана и неверодостојна. Но, сите овие работи „бодат очи“ само доколку ја набљудувате изолирано приказната, што, во една ААА игра апсолутно не е можно. Кога ќе се земе во предвид отворениот свет и комплексните механики за истражување и борење, Avatar: Frontiers of Pandora знае како да ве пречека на достоен начин.

Нема ништо поубаво од лични пресметки со мек војниците

Истражување, прикрадување и борење

Avatar: Frontiers of Pandora има да исклучително добри елементи, истражувањето на преубавата планета и битките против непријателите. Низ 25 часовната кампања играте со машка или женска верзија на Na’vi. Ликот го управувате во прво лице, со можност за трето лице во одредени специфични ситуации (кои ќе ги споменеме подоцна).

Ваша примарна задача е целосно да се вдомите во Пандора и да ги истражувате трите огромни различни региони. Секој од овие региони се одликува со уникатни биоми и жители. Massive Entertainment имаат осмислено одличен и ретко виден свет кој одлично се надоврзува на виденото во филмовите, но и со целосно нови места кои пријатно не изненадија.

Истражувањето е константно пропратено со чувството дека се наоѓате во непозната планета полна со неочекувани работи. Светот во Avatar: Frontiers of Pandora е еден од најдеталните и најубавите светови што сме виделе. Како резултат добивате преубава игра со бројни интересни гејмплеј механики.

Вашата задача е целосно да ги протерате RDA војниците и да ги спречите нивните напори да ги исплоатираат природните ресурси на западната граница.

Far Cry или Avatar?

За оние кои сметаат дека оваа е нашминкана верзија на Far Cry тука сме да ви кажеме дека не е (баш) така. Прво, и светот и ликот е дизајниран на таков начин да движењето и истражувањето изгледа вонземно и со надреални конотации. Споредено со RDA војниците, вашиот лик е значително повисок, побрз и пофлексибилен, особено при качување, двојно скокање и користење специјални оружја. Се користат поразлични оружја и уникатна опрема за техничка детекција.

Дополнително, имате на располагање таканаречен Na’vi sense – способност да се истакнат сите предмети со кои можете да стапите во интеракција. Оваа чувство може да се искористи и за потенцирање на ранливите точки на непријателите. RDA војската е значително посилна од вас и директни напади на нивните бази, особено на почетокот, резултираат со апсолутен пораз. Поради тоа, се ограбрува внимателно (ама навистина внимателно) прикрадување, меркање на непријателите, запазување на нивните патеки на движење и тивко елиминирање или од близина или со лак и стрела. Дискутабилно е колку ќе успеете во ова бидејќи непријателите знаат да имаат соколов вид.

Небесно блаженство

Како најсветла и најуникатна точка е можноста да го јавате икран суштеството за побрзо и поефикасно движење низ светот, но и за динамични пресметки. Во таа ситуација, камерата преминува во трето лице и можете целосно да уживате во дизајнот на вашиот лик и вашиот сопатник. Неописиво е чувството кога по првпат ќе се искачите во небесните ширини, помеѓу облаците, високите планински врвови и отпорот на силниот ветер. Мора да ги пофалиме и битките додека сте на суштеството, особено хаотичното управување која ќе бидете опколени од неколку непријателски возила.

Покрај кампањата, имате на располагање бројни споредни квестови кои ви се доделуваат од жителите од трите региони. Исполнување на овие квестови, како и напредување низ кампањата, ви дозволува да отклучувате подобра опрема и да ги надградувате вашите способности. Често, ќе собирате и најразлични ресурси кои подоцна ги користите за создавање муниција, експлозивни или запаливи предмети за фрлање и корисни производи за конзумирање. Паралелно со ова, константното пркосење и потиснување на RDA војниците, ве наградува со таканаречената Clan Favor. Оваа услуга од кланот ви дозволува да отклучувате ретки оклопи и материјали за крафтање.

Секој чекор крие пријатни и неочекувани изненадувања

Хаотични пресметки

Битките знаат да бидат исклучително хаотични и да бараат од вас одредено тактизирање, криење, повлекување и повторно напаѓање. Како што напоменавме, нема да можете се да уништите со по проектил-два во главата, како во Far Cry игрите. Непријателите во Avatar, особено мек верзиите, се значително по bullet-spongy, и бараат одредено тактизирање и напаѓање на променливи ранливи точки. Поради тоа, нема да можете така лесно да ги освоите базите. Но, како поминувате низ кампањата, така отклучувате корисни работи и способности кои значително би можеле да ви помогнат за полесно справување. Слична е ситуацијата и со воздушните возила кои ги напаѓате летајќи на суштеството. Има голема забава во ваквите пресметки кои, иако се инспирирани од Far Cry, никако не се играат како Far Cry игра.

Користењето на оружјата е одмерено, со веродостојна тежина и визуелна/ звучна повратна информација

Захтевна хардверска побарувачка

Во поглед на графичката оптимизација, ние ја тестиравме PC верзијата и мора да кажеме дека за максимално уживање потребна ви е барем RTX 4060. Се што е подолу од ова ќе ве принуди да правите компромиси или со одредени графички елементи или со резолуцијата. Имавме можност да ја провериме играта и на PS5 и забележавме стабилни 60FPS на средна графика, односно фиксни 30FPS на висока графика. Но, со сите вклучени графички елементи, PC верзијата е дефинитивно супериорната верзија. Графичкиот енџин се труди да процесира еден куп работи и преубаво е флуидното искуство на трчање, скокање, летање и користење најразлични способности, кое, подразбирливо, бара одреден данок во хардвер.

Кои се Massive Entertainment?

Massive Entertainment е шведско студио основано во далечната 1997 година. Студиото првично се прослави со култните стратегии Ground Control и World in Conflict.

Во 2008 година, студиото е купено од Ubisoft и станува познато по одличните Tom Clancy’s The Division серијалот.

Во моментот, студиото работи на долго-очекуваната Star Wars Outlaws, како и на Tom Clancy’s The Division 3

Ако сте фанови на Avatar филмовите и ако не можете да се заситите од Ubisoft урнеците за истражување и акција во огромни и детални светови, тогаш си должите себеси да ја проверите Avatar: Frontiers of Pandora. Играта крие преубави биоми преполни со најразлична флора и фауна. Истражувањето на регионите ни беше пријатно искуство од самиот почеток па сѐ до крајот. Да, можеби не уживавме премногу во статичната, предвидлива приказна, но живеевме за секоја наредна битка со бројните видно-посупериорни непријатели. Massive Entertainment се има надминато себеси со играта и нуди забавно акционо искуство во впечатлив и незаборавен свет!

Kрајот на кампањата во Avatar: Frontiers of Pandora значи само почеток на забавата која се крие во додатоците, нешто за што подетално ќе разговараме во наредните денови!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk