Точно пред 7 години, на 21 март во 2006та година, Џек Дорси го објави својот прв твит со пораката „just setting up my twttr.“, со што започна да се гради целата приказна од 140 карактери. Денес oвој сервис се користи од повеќе од 200 милиони активни корисници, а бројот на дневно објавени твитови изнесува повеќе од 400 милиони.
just setting up my twttr
— Jack Dorsey (@jack) March 21, 2006
Twitter несомнено го промени начинот на како комуницираме со пријателите, но и пред се како конзумираме вести и како самите корнисици се вклучуваат во нив. Сервисот се користи и од различни владини установи, претседатели, астронаути, спортисти, глумци, и други влијателни личности и институции кои сакаат да останат во контакт со своите фанови и граѓани. Не за џабе новиот Папа Францис ја сподели првата своја јавна порака на Twitter која беше ретвитувана од над 36.000 твитерџии.
Погледнете го видеото по повод 7 години Twitter и неговиот напредок во текот на тоа време.
[youtube]Bl-FpuehWGA[/youtube]