0 коментари 2 мин. читање 21 март, 2013

YouTube го посетуваат над една милијарда корисници секој месец

YouTube месечно гo посетуваат милијарда различни посетители објави Google. Се разбира компанијата бројката ја сподели и преку низа интересни податоци. Еве дел од нив:

  • Речиси секој втор интернет корисник го посетува YouTube.
  • Месечната гледаност на Youtube e еднаква на 10 Super Bowl натпревари.
  • Ако Youtube беше држава, а неговите посетители граѓани, тогаш ќе беа на трето место по население зад Кина и Индија.
  • PSY и Madonna ќе треба да настапуваат пред преполн Madison Square Garden уште 200.000 пати за да стигнат до оваа бројка.

Заедно со ова Google објави и дека 100-те најпознати брендови веќе имаат кампањи на Youtube. Покрај ова компанијата може да се пофали ис со милијарда прегледи на Gangam Style, но и нови програми кои се додаваат секојдневно.

„Од ентузијасти филм мејкери до следните музички ѕвезди, фановите кои секојдневно не посетуваат, се претплаќаат и ги споделуваат своите омилени видеа со светот, ви благодариме што го направивте YouTube каков што е денес. Навистина создадовте нешто посебно.“, вели Google.

Интересно е што, кога во 2006 година Google го купи видео сервисот за 1,65 милијарди долари, многумина го прогласија за лоша бизнис зделка и за прекумерно плаќање, но денес може да се констатира дека е една од најдобрите зделки до сега, пишува The Next Web

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top