0 коментари 2 мин. читање 25 март, 2008

Реалистичен одсјај во Photoshop во 2 чекори

{mosimage}Подготвувате веб страница, каталог, памфлети, брошути и посакувате модерен финален продукт. Тука во голема мера може да ви помогне една многу едноставна техника во Photoshop т.е. реалистичен одсјај на елементите, фотографиите, текстот… Во продолжение чекор по чекор до реалистичен одсјај во Photoshop CS2.

{mosimage}

Во овој туторијал ќе искористиме мобилен телефон како објект на кој ќе нанесеме ефект на одсјај.
{mosimage}

1.    Копирајте го слојот (layer-oт) со објектот, во случајов мобилниот телефон и свртете го надолу со помош на Flip Vertical опцијата од менито Edit>Transform. Завлечете го така што прецизно ќе се допираат двете најдолни точки од објектот т.е. мобилниот телефон.
Би добиле ваква композиција:
{mosimage}

Потоа намалете ја „Opacity“ вредноста на слојот од 100% на 30%
{mosimage}

по што би добиле ваква композиција:
{mosimage}

2. Со помош на Elipse алатката
{mosimage}
креирајте црна елипсична форма која ке ги допира крајните странични точки од објектот, вака:
{mosimage}

Потоа искористете ја „Gaussian Blur…“ алатката од менито Filter>Blur додека вредноста за „Radius“ подесете ја на 10,0.
{mosimage}

„Opacity“ вредноста на слојот намалете ја на 60%.

*забелешка: Оригиналниот објект, мобилниот телефон на првиот слој мора да биде напред т.е. најгоре на листата на слоеви.
{mosimage}

Толку! . Се надевам дека бев доволно јасен и корисен. Еве го и финалниот продукт:
{mosimage}

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top