{mosimage} На интернет се појавија шпекулации дека долгоочекуваниот Apple Tablet ќе се појави на 26 јануари кога е закачан голем медиумски настан на Apple во Сан Франциско. Овие препоставки се појавија откако Apple им порачал на девелоперите да развиваат апликации за демо верзијата која треба да се престави на настанот.
„Им рекоа на неколку девелопери дeке се доколку апликациите им подржуваат резолуција на цел екран – наместо на фиксираната 320×480 – тогаш ќе немаат проблем.” вели анонимен извор за Businessinsider.
Apple Tablet нема да се продава од јануари, туку само ќе биде објавено демото кое ќе им даде престава и идеја на девелоперите за како да ги развиваат апликациите. Од друг извор, Boy Genious Report вели дека таблетот ќе се појави и ќе биде од 7-инчи, но може да се појави и 10-инчна верзија на уредот.
На настанот во јануари се очекува Apple да ја објави и новата 4-та генерација на iPhone уреди со 5 мегапиксели камера.






