{mosimage}Krento e интересно 3D софтверче за Windows кое овозможува само во неколку <ем>(читај: два) клика да стартувате други апликации. Покрај тоа изгледа кул бидејќи е 3D.
Програмчето е минијатурно за симнување, се инсталира и потоа со средното дугме на глувчето , или со црвената точка која пулсира над сатчето, го отварате Krento менито од неколку апликации кои само еден клик или со само едно копче ги стартувате.
Пример, ако работите нешто и имате отворено неколку апликации, наместо да одите во Start и да ги пребарувате каде се, или наместо да ги минимизирате сите за да дојдете до декстоп да отворите нова апликација, вие сето тоа го правите во два чекори – отвори Krento и кликни на апликацијата.
Незгодно е што може само 12 апликации да се стават, па ќе мора да направите добар избор. Инаку апликациите се додаваат само со влечење и ставање на посакуваното место.






